Archive for the ‘ГАЛЕРИЈА’ Category


Две работи на кои најмногу имам експериментирано откако преминав на некој поздрав начин на исхрана (откако преминав кон веганство) се оние кои најмногу ми недостасуваа – палачинки и чоколаден намаз (т.н. Нутела, но да не правиме рекалми).

Lesnikov cokoladen namaz02

Видете, на сите од време на време во животот ни треба вкусот на чоколадо. Посебно привлечен е оној момент од детството кога една лажичка чоколаен крем мачкате на леб или палачинки, и уште две длабоко брцнати во теглата завршуваат директно во вашата уста. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Веќе неколку години сум поборник за строго посна исхрана (популарно наречена веганска), а тоа го применувам и како сопствен животен стил. Веганскиот начин на готвење во овој период ми влезе во крвта, затоа што бара доста креативност и истражување на што посветувам голем дел од слободното време.

Макарони од хелјда со песто од блитва

Макарони од хелјда со песто од блитва

Е сега, кога постепено ќе навлезете во филозофијата на веганството, сакате придобивките да ги споделите со цел свет, пред се преку исхраната, од каде што се започнува. До сега, освен за моите дома врз кои ги имам испробано сите рецепти што ми фатиле око, во неколку наврати сум готвел и за поголема група луѓе, ама никогаш немав храброст да направам веганска програма и за некого да готвам целосно мени. (more…)

Read Full Post »


Read Full Post »

%d bloggers like this: