ЗАЧИНЕТ ПЕЧЕН ГУНБАО КАРФИОЛ


Период е на зимски зеленчуци и овошја со кои пазарите се преплавени. Карфиолот, на пример, не само што го има во изобилство, туку се наоѓа и по доста ниска цена. Поради тоа мора да се прочепка по фолдери по архивирани рецепти што го содржат овој продукт.

Pecen karfiol na kineski.jpg

Искрено, јас и карфиолот имаме доста заплеткана врска. Иако знам кои се карактеристики ги има, не сум баш сигурен во врска со неговот конзумирање во свежа форма. Порано во зима многу често го вметнував мелен во салата во разни комбинации, па дали го претерав или не знам од која причина, но во последо време ретко го поднесувам свеж. Точно, знам да каснам по некој цвет додека подготвувам нешто друго, но тоа е далеку зад количините што сум ги козумирал до пред некоја година.

Тоа важи за свежиот карфиол. Потсварениот карфиол, печен или вметнат во некој сос или во супа, од друга страна, ми е омилен. Реков дека нашата врска тешко се објаснува.

Како да се вклучи повеќе карфиол во исхраната? Веќе ви претставив еден вид алфредо сос во склоп на рецептот за лазања, а еве сега уште еден начин.

Во кинеската кујна, посебно во Сичуан, доста популарно јадење е Гунбао пилешко, кое го има преземено и западната култура со своја варијанта. Се работи за комбинација од слатко-кисело-луто пилешко месо со кикиритки, зеленчук и чили пиперки. Овде пилешкото ќе го замениме со карфиол, и со мала модификација на сосот имате јадење за сите што сакаат малку позачинета храна.

Pecen karfiol na kineski02.jpg

Зачинет печен гунбао карфиол

Состојки за карфиолот

1/2 чаша + 2 големи лажици овесно брашно (или овесни снегулки сомлени како брашно)

1/2 чаша + 2 големи лажици вода

1/2 мала лажица чили во прав (или 1/3 мала лажица за помалку луто)

2 мали лажици соја сос

1/4 мала лажица сол

1 главица (средна големина) карфиол разделен на цветови

Состојќи за гунбао сосот:

1 лута црвена пиперка (или блага, за помалку луто)

1 мала лажица мешавина од црн пипер и чили пипер (или благ црвен пипер)

6 големи лажици крупно мелени кикиритки или индиски ореви

5 до 6 толчени или рендани чешниња лук

1 цм свеж ѓумбир, изрендан

½ главица кромид

Мешавина за сосот:

5 големи лажици соја сос/тамари

3 големи лажици оризов оцет (или јаболков)

2 големи лажици кафеав шеќер

160 (2/3 чаша) вода

1 голема лажица пченкарен скроб

hdr

Опис

  1. Измешајте ги состојќите за мешавината за карфиолот. Додајте уште една лажица вода ако ви е премногу густа. Цветовите еден по еден макајте ги во мешавината и редете ги во тавче на хартија за печење.
  2. Печете ги цветовите карфиол на 220°Ц, 25-30 минути, додека да омекнат, но не да изгорат!
  3. Додека се пече карфиолот, направете го сосот. На една лажица вода издинстајте ги кромидот и пиперката додека малку да омекнат, но не да се распаѓаат.
  4. Додадете ги зачините, кикиритките и реданиот ѓумбир (ако сакате можете да додадете и уште некој зеленчик) и продинстајте уште малку.
  5. Во тегла убаво измешајте ги состојќите од мешавината за сосот и истурете ги врз зелечукот што се динста. Нека се вари уште 2-3 минути додека да се згусне. Кога ќе биде готов, додадете го ренданиот лук и тргнете го од оган малку да се излади.
  6. Сервирајте така што ќе го наредите печениот карфиол во еден слој и врз секој цвет ќе полеете од гунбао сосот.

dav

Ако не го сревирате веднаш ова јадење, чувајте ги во фрижидер одделно карфиолот и сосот. Кога ќе ви притреба, само подгрејте го сосот и полејте го врз карфиолот.

Гунбао сосот може да се искористи и како прелив за печен или варен ориз или компир, во случај да немате идеја со што да ги искомбинирате. Изладен дури може да ви послужи и како прелив за свежа салата.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: