ЗЕЛЕНЧУКОВА ЛАЗАЊА СО РИКОТА И АЛФРЕДО СОС


Долго време не се ни обидував да направам лазања, затоа што не верував дека може да се состави од поздрави состојќи, воопшто да не се употреби масло, а да се добие богат вкус.

All-focus

Знам само дека кога првпат ја направив, дојдов од работа многу гладен и изедов малку повеќе, па во остатокот од денот не ни помислив на јадење.

Мало упатство, пред да засукате ракави. Ќе се соочите со малку подолг рецепт, но нека не ве плаши, па да се обесхрабрите и да не го испробате. Навистина ќе зажалите! Како да го поедноставите? Со тоа што сосовите и зајрето ќе ги подготвите ден-два претходно.

Алфредо сосот дури и се згуснува и станува повкусен кога убаво ќе се излади. Во врска со доматниот сос, ќе ви напишам еден едноставен рецепт што јас најчесто го правам за со тестенини, но вие може да си употребите и доматен сос од зимница (ако сте направиле) или од оние што ги има по маркетите, само внимавајте да е без масло.

Зајрето од печурки и урдата од тофу исто може да се подготват ден порано, па пред ручекот ќе имате обврска само да ја наредите лазањата и да почекате да се испече.

Само да ве предупредам, како и кај секоја тестенина,гледајте да биде составена само од дурум пченица, вода и евентуално сол и ништо повеќе. Без јајца, без никакви збогатувања со витамини!

All-focus
All-focus

 

Зеленчукова лазања со рикота и алфредо сос

Состав на лазањата:

8-10 тестенини за лазања

1 доза доматен сос (рецептот е подолу)

1 доза алфредо сос од карфиол (рецептот е подолу)

1 доза зајре од печурки (рецептот е подолу)

1 доза тофу рикота со блитва (рецептот е подолу)

1 поголем домат

¼ чаша вода

Состојќи за доматниот сос:

1 морков исечкан на кругови

750 г домати, исечкани на коцки

2 мали лажици морска сол

Црн пипер по вкус

1 мала лажица шеќер

65 мл (1/4 чаша) вода

2 чешниња лук

1 гранка целер

Опис:

  1. Во тенџере ставете ги сите состојќи од морковот до шеќерот и варете ги на средна температура, 30 минути.
  2. Откако ќе се свари сосот, додадете ги лукот и гранката целер и изблендирајте со 65 мл вода. Ако ви се чини прегуст, додадете уште малку вода.

Состојќи за алфердо сосот:

3 полни чаши истинети китки карфиол

½ чаша вода

½ мала лажица сол

¾ чаша растително млеко (јас користев соино)

½ мала лажица кромид во прав

¼ мала лажица сушена мајчина душица

¼ мала лажица сушен босилек

Црн пипер

3 големи лажици нутритивен квасец

2 мали лажици сок од лимон

3 чешниња лук

1 голема лажица овесно брашно

Опис:

  1. Во тенџере, на средна темпераутра варете ги состојќите од карфиолот до црниот пипер, околу 15 минути.
  2. Откако карфилот ќе омекне, состојќите што се вареа мелете ги во блендер со нутритивниот квасец, сокот од лимон, лукот и овесното брашно.

 

pro-cam

Состојќи за зајрето од печурки:

400 г шампињони

1 мала лажица сушен босилек

½ мала лажица црвен пипер

Сол и црн пипер

Опис:

  1. Шампињоните ставете ги во фуд-процесор и мелете ги, но не премногу, да наликуваат на мелено месо.
  2. Измелените шампињони префлете ги во тавче со зачините (босилекот, црвениот пиепр, солта и црниот пипер). Динстајте неколку минути со една-две лажици вода, додека да се подисушат. Кога ќе бидат готови, тргнете ги на страна.

Состојќи за тофу рикотата со блитва:

1 мала главица кромид, исечкан

200 г тофу

Сок од 1 лимон

2 мали лажици морска сол

Црн пипер

1 мала лажица сушен босилек

2 чешниња лук

300 г блитва (само листовите, без рачки) или спанаќ

Опис:

  1. Во тавче, на вода кратко продинстајте го кромидот.
  2. Во фуд-процесорставете ги тофутно, сокот од лимон, солта, црниот пипер босилекот и лукот и мелете колку да се искобинираат. Внимавајте, немојте премногу да мелете, затоа што тофуто треба да наликува на обична, млечна рикота. Не претерувајте да не добиете намаз.
  3. Во поголем сад ставете вода да почне да врие. Во водата што врие, ставете ги листовите блитва (или спанаќ) и без да ја намалувате температурата, варете ги со отворен капак точно 3 минути (односно 1 минута за спанаќ).
  4. Веднаш процедете ја блитвата (водата се фрла) и убаво истиснете и ја водата.
  5. Исцедената сварена блитва ситно исечкајте ја и убаво измешајте ја со тофуто.

 

pro-cam

СОСТАВУВАЊЕ НА ЛАЗАЊАТА:

Во тавче за печење ставете еден слој тестенини за лазања.

Премачкајте ги со 1/5 од доматниот сос.

Наредете уште еден слој тестенини.

Премачкајте со уште 1/5 од доматниот сос.

Распоредете го зајрето од печурки.

Врз печурките распоредете уште 1/5 од доматниот сос.

Распоредете ½ од алфредо сосот.

Наредетеслој тестенини.

Премачкајте со уште 1/5 од доматниот сос.

Распоредете ја рикотата од тофу со блитва.

Наредете го последниот слој тестенини.

Премачкајте ги со преостанатиот доматен сос.

Распоредете ја и втората половина од алфредо сосот.

Редењето на лазањата завршете го со тенко исечени парчиња домат.

All-focus

Наредената лазања од страните полејте ја со ¼ чаша вода, па покријте ја со хартија за печење и со алуминиумска фолија (поентата е фолијата да не го допира јадењето).

Печете во загреана рерна на 220°Ц, 50-60 минути.

Кога ќе се испече лазањата, почекајте некоја минута да се подизлади, па сервирајте.

Овде всушност имате неколку самостојни рецепти, односно и доматниот сос и алфредо сосот можат да се искористат и во комбинација со друг вид паста. Доматниот сос дури може да се зачува и како зимница. Тофу рикотата, пак може да се употреби како полнење за некои кифли или во некоја зеленчукова тава.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: