ПЕЧЕНИ ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ СО ЈАБОЛКА


Наутро, прво прашање – што за појадок? Што се однесува до појадокот знам да се се фатам за едно јадење и истото да го повторувам додека не ми досади. Првично кога се запознав со овесните снегулки (години, години наназад) ги јадев накиснати во јогурт со јаболко и банана. И само таа варијанта.

Peceni ovesni so jabolka.jpg

Кога го исфрлив јогуртот од исханата почнав да ги правам со вода и свежо и сушено овошје со засладувачи, затоа што ништо не можеше да ми ја долови крем текстурата од јогуртот. Па едно време им свртев грб, па потоа најубави ми беа само сварени со вода и некоја лажица путер од кикиритки. На крај и тоа ми досади.

Денес кога ги јадам наутро, овесните снегулки најчесто ги комбинирам во т.н. солена варијанта (или подобро речено неутрална варијанта зашто генерално солта гледам да ја избегнувам) со многу зеленчук, свеж или обарен, но од време на време знам да направам и по некоја заблажена верзија, како оваа.

Ова е уште еден рецепт кој нуди можности да си поиграте со вкусот и со блажината, а притоа да имате убав појадок. Може да направите покалорична варината (пред се ако подготвувате за деца) или пониско калорична, ако подготвувате за повозрасен.

На пример, млекото во рецептот може да се замени со вода (добро, до некаде ќе трпат текстурата и вкусот, но во име на намалените калории), оревите може сосема да се исфрлат, а забалажувач може и да не се стави, посебно ако користите поблаги јаболка. Како и да го направите, ова е одлично топло јадење за ладни утра, но вкусно е и ладно, директно од фрижидер.

 

All-focus

ПЕЧЕНИ ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ СО ЈАБОЛКА

Состојки:

200 г крупни овесни снегулки

2 големи лажици агаве

1 мала лажица цимет

1 мала лажица прашок за печиво

½ мала лажица мелен ѓумбир

½ мала лажица морска сол

500 мл (2 чаши) растително млеко (или вода)

½ чаша јаболков сос (или едно јаболко)

½ чаша испасирана тиква

2 мали лажици ванила екстракт

2 јаболка средна големина, исечкани

1 омекната круша, исечката (или уште едно јаболко)

½ чаша ореви, иситнети (може и да се изостават)

Опис:

  1. Во голем сад прво подгответе ги сувите состојки: овесните снегулки, циметот, прашокот за печиво, ѓумбирот, солта и убаво измешајте ги.
  2. Во блендер искомбинирајте ги млекото, јаболковиот сос (или едното јаболко како замена), тиквата, ванила екстрактот и убаво изблендирајте ги.
  3. Кај сувите состојки вметнете ја мешавината со млеко, додадете ги исечканите јаболка, крушата и оревите и убаво измешајте.
  4. Целата смеса префрлете ја во тавче 20х20 цм и печете на 190°Ц, 35 до 45 минути.
  5. Кога ќе се испече, почекајте 10-15 минути да се подизлади за да може да се сервира. Ако не ви е доволно благо, сервирајте со уште малку агаве или јаболков сос.

All-focus

За да ви биде побрза процедурата наутро, може целата смеса да се подготви навечер и непечена префрлете ја во тавче, убаво завиткајте ја со фолија и ставете ја во фрижидер. Наутро, повторно промешајте ја и ставете ја покрај рерната додека се загрева. Кога ќе се загрее рерната испечете.

Овие печени овени снегулки може да се чуваат 3-4 дена во фрижидер или да се замрзнат, па кога сте во брзање да си имате готов појадок. Нормално, не е забрането да си ја задоволите и потребата за благо, затоа што одлично се комбинираат и како десерт, посебно откако убаво ќе се изладат.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: