МЕДИТЕРАНСКИ БУРГЕРИ ОД ЦРВЕН ГРАВ


Во последно време добив впечаток дека морам нешто ново да внесам кога подготвувам мешунки, посебно грав. Во ред, чорби, тавче гравче со милион варијации и сл. А бургери од грав?

bty

До сега бургери најчесто сум правел од леќа или од наут и со други мешунки не сум експериментирал. Знам дека еднаш се обидов со боранија и крајниот резултат беше катастрофа.

И повторно на помош ми дојдоа некои од книгите што ми се купени и зачувани во архива и си го чекаат редот во некој фолдер да бидат разлистани.

Не знам каде ја најдов на интернет Дрина Бартон, блогерка, мајка на три деца и авторка на книги за готвење. Како што вели еден текст во „Дејли мејл“, од бургери од артичоки, до смудија од тиква и браунис од црвен грав, нејзините рецепти ќе ве натераат сосема да се откажете од месото.

Прочепкав по интернет, и ги најдов книгите и кога ги пролистав видов дека станува збор за навистина одлични комбинации, од чорби до печени јадења, паста, сосови, гарнири ииии слатки. Добро, во делот со слатките подобро и да не погледнувате, посебно ако сакате да намалите на употреба на масла, брашна, шеќер и путери од јатки. Јас погледнав и се зашеметив, па морав да нападнам неколку банани за да се вратам во форма.

Ама тоа да го оставиме како тема за некој друг муабет. Сега да се сконцентрираме на бургерите и желбата да се зготви грав на поразличен начин. Во книгата на Дрина Бартон, „Нека јадат вегански“ најдов медитерански бургери кои не бараат многу голема подготвка, а може да се направат од вечер, да се складираат во фрижидер и да се испечат следниот ден.

Медитеранските бургери на Дрина се без масло, се згуснуваат со овесни снегулки, но таа препорачува да се испржат на нелепливо тавче со малку масло. Со оглед на тоа што не сакам масло, уште помалку пржење на масло, се обидов да ги испечам и се доби одличен вкус. Штом ги јадеа и моите деца, значи обидот бил успешен.

Burgeri01.jpg

 

Медитерански бургери од црвен грав

Состојки:

800 грама црвен бубрежест грав, убаво исцеден од водата (2 лименки)

1-2 големи чешниња лук, покрупно исечкани

2 ½ големи лажици доматно пире

1 ½ голема лажица вински оцет или балсамик

1 мала лажица сенф

¾ чаша млад кромид (пред се зелениот дел)

¼ чаша грубо иситнет магдонос

2 мали лажици суво оригано

½ – 1 мала лажица морска сол

црн пипер

1 ¼ чаша овесни снегулки

1/3 – ½ чаша каламата маслинки

¼ чаша исечкана црвена пиперка

Опис:

  1. Во фуд-процесор ставете ги гравот, лукот, доматното пире, оцедот и сенфот. Мелете додека не се добие пире.
  2. Додадете ги кромидот, магдоносот, ориганото, солта и црниот пипер и мелете додека зеленчукот убаво да се иситни и да се измеша.
  3. Додадете ги овесните снегулки и мелете во секвенци додека убаво да се измешаат со смесата.
  4. Се префрлете во голем сад, додадете ги маслинките и пиперката и се убаво измешајте со лажица.
  5. Целата смеса за бургерите нека отстои во фрижидер барем 30-40 минути, но може убаво завиткана да стои преку ноќ со цел влажните делови да се впијат во овесните снегулки.
  6. Направете 6 или 7 бургери и печете ги на 220°Ц, 15 минути од едната страна, па превртете ги и печете ги уште 5 минути од другата страна. Не испробувајте да ги печете повеќе, затоа што кога ќе се изладат ќе бидат многу суви.

bty

ВАРИЈАНТА: Во оригиналниот рецепт овие бургери се направени со црвен грав, но јас ги испробав и со подостапната варијанта – бел грав. Процедурата на подготовка е иста, само што вкусот е за нијанса поразличен, но и така се супер вкусни.

Ако не сте по маслинките ставете помалку, колку за вкус.

Искомбинирајте со пинџур, зеленчуков намаз, свежи домати и задолжително свежа зелена салата.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: