ЛЕШНИКОВ ЧОКОЛАДЕН КРЕМ


Две работи на кои најмногу имам експериментирано откако преминав на некој поздрав начин на исхрана (откако преминав кон веганство) се оние кои најмногу ми недостасуваа – палачинки и чоколаден намаз (т.н. Нутела, но да не правиме рекалми).

Lesnikov cokoladen namaz02

Видете, на сите од време на време во животот ни треба вкусот на чоколадо. Посебно привлечен е оној момент од детството кога една лажичка чоколаен крем мачкате на леб или палачинки, и уште две длабоко брцнати во теглата завршуваат директно во вашата уста.

Сум испробувал милион чоколадни намази и некои или доволно не ми го доловувале вкусот на чоколдо или биле со шеќер, во други рецепти сум додавал и посно чоколадо, но како и кај десертите, ништо од тоа не ги задоволни моите очекувања за вистински добар чоколаден крем што ќе го јадам скоро без грижа на совест.

Пред една година налетав на овој рецепт и од тогаш мислам дека не сум ни направил друга варијанта. Овде го добив оној специфичен вкус на лешник, кој неразделно се врзува за вкусот на чоколадо, а за ефектот да се потенцира уште поубедливо, додадов една тајна состојка – чили пипер. Колку и да звучи чудно, чили пиперот (не многу, само еден прстофат) толку добро може да придонесе за чоколадо вкус, што нема да ви се верува.

Lesnikov cokoladen namaz02

Лешников чоколаден крем

Состојки:

300 г лешници

160 мл (2/3 чаша) растително млеко (овде најчесто користам соино млеко)

80 мл (1/3 чаша) агаве

38 г (1/3 чаша) какао во прав

2 мали лажици ванила екстракт

Прстофат сол

Прстофат чили пипер

Опис:

  1. Од лешниците, во добар фуд-процесор или во брз блендер направете путер. За полесно да оди мелењето, потпечете ги во рерна на 180°Ц само 10 минути, не повеќе, за да не изгорат. Ако можете, отстранете ми ја лушпата протривајќи ги низ раце или во крпа додека се топли. Оставете ги малку да се изладат, па потоа правете го путерот. Мелете ги лешниците додека не почнат да ги испуштаат своите природни масла и не се претворат во мазна полутечна смеса (околу 20 минути, во зависност од јачината на апаратот што го користите).
  2. Откако ќе добиете путер, постепено во процесорот (или блендерот) додавајте ги млекото, агавето и зачинтете со ванила екстракт, сол и чили.
  3. Кога состојќите убаво ќе се спојат, додадете го какаото и продолжете со мешање целосно да се искомбинира со смесата. И, ете имате чоколаден крем.

dav

Најдобар вкус чоколадниот крем добива откако ќе отстои некој час.

Задолжително чувајте го на најладниот дел од фрижидерот (во задниот дел) за да се заштитат маслата од расипување. Најдобро е да се исконзумира во рок од една недела. За подолго, чувајте го во замрзнувач.

Во еден од наредните постови уште да го споделам со вас рецептот за моите нови хит палачинки и ќе ја имате кобинацијата од која паѓам во несвест – чоколаден крем и вкусни, тенки палачники.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: