ЗИМСКИ СУПИ И ЧОРБИ


Да, оваа зима немавме вистинска зима, некако како од октомври да живееме во доцна есен и ништо повеќе (со исклучок на неколку недели). Сепак, навечер знае да биде свежо или студено, односно да се создаде идеална атмосфера за вкусна топла чорба.

All-focus

Зеленчуковите чорби или супи ми се опсесија. Одеднаш во организмот се внесува куп зеленчук, односно ми доаѓаат како некое бомбастично витаминско пакување. И што е најбитно, со супите и чорбите најлесно може да им се подметне зеленчук на оние кои многу не го сакаат во свежа форма, пред се на деца.

Оваа зима ми се чини ова беше областа во која најмногу екпериментирав. Нема некоја филозофија, со голед на тоа што се е комбинација на зеленчуци, но најтешкото е како да се дотера вкусот, за откако ќе ја пробате супата, да посакате уште една порција.

Овде ќе сретнете неколку супи кои оваа сезона најчесто се наоѓаа на моето мени.

Processed with VSCO

Крем супа од карфиол

Карфиолот малку потсварен знае на супата да и даде доста кремаст изглед. Плус искомбиниран со компир и веќе имате вистинска топла вечера.

Состојки:

1 главица карфиол поделена на помали цветови

1 главица крмид, исечкан на поголеми парчиња

1 компир, средна големина, изечкан на парчиња

4 моркови, изечени на потенки кругови

1 чаша замрзната пченка

2 чешниња лук

1 литар зеленчуков бујон (или вода)

120 мл суво бело вино

1 мала лажица сол

Црн пипер (по вкус)

Processed with VSCO

Опис:

  1. Бујонот (или водата) загревајте го во поголемо тенџере. Кога ќе почне да врие, намалете на средна температура, додадете ги кромидот, компирот и карфиолот и варете околу 15 минути.
  2. Во меѓувреме, во посебно тенџере потсварете ги морковите (доволни им се 10-ина минути откако ќе почне водата да врие). На некоја минута пред крај додадете ја и пченката. Кога ќе се сварат исцедете ги од водата и оставете ги на страна. Водате немојте да ја фрлате, може да послужи како бујон за друга чорба.
  3. Кога ќе се сварат кромидот, компирот и карфиолот, додадете ја солта и почекајте малку да се изладат. Кога ќе се подизладат, зеленчуците заедно со водата во која се вареле убаво сомелете ги во блендер додека да добиете крем смеса.
  4. Целата супа вратете ја во големото тенџере, додадете ги виното, морковите и пченката и загрејте до степен да почне да врие. Исклучете и тргнете на страна.
  5. Зачинете со црн пипер и со рендан или толчен лук.

bty

Крем супа од карфиол, пашканат и печен лук

Ако сакате поароматична супа, ова е изборот за вас. Овде внимавајте со солта, затоа што се додава соја сос, кој знае да биде доста солен.

Состојки:

½ главица лук

1 главица кромид

1 мала главица карфиол (околу 500 г)

4-5 пашканати

1,2 литар вода

1 голема лажица соја сос

Морска сол и црн пипер (по вкус)

За гарнирање: свежи тревки, како магдонос или коријандер

bty

Опис:

  1. Загрејте ја рерната на 200°Ц.
  2. Оддвојте ги сите чешниња од главицата лук (лушпите нека останат). Чешнињата наредете ги во тавче на хартија за печење, малку попрскајте ги со сол и печете ги 10 минути во загреана рерна (не смеат да изгорат!).
  3. Лукот извадете го од рерна, почекајте да се излади, па излупете го и оставете го да си го чека редот.
  4. Додека се пече лукот, подгответе го останатиот зеленчук. Карфиолот поделете го на помали цветови, кромидот исечкајте го на покрупни парчиња, пашканатот излупете го и исечкајте го.
  5. Исчистениот и исечкан зеленчук ставете го во тенџере со 1,5 литар вода. Откако водата ќе почне да врие, намалете на средна температура и нека врие околу 15 минути, односно додека состојќите не омекнат (но не да се распаѓаат, тогаш веќе се преварени).
  6. Откако ќе се свари зеленчукот, додадете ги печениот лук (лушпите отстранети) и соја сосот и се сомелете во блендер додека не добиете мазна крем смеса. Зачинете со сол и црн пипер, украсете со магдонос или коријандер.

bty

Ова е супа што идеално ќе ви дојде по вежбање. Од една страна ќе надополните изгубени течности, а од друга се снабдувате со целосни протеини, поради комбинацијата од мешука со јаглен хидрат (наут со ориз).

All-focus

Протеинска супа од зелка, наут и ориз

Состојќи:

1 голема главица кромид, исечкан на коцки

3 средни моркови, исечкани на тенки кругови

2 средни гранчиња целер, ситно исечкани

3 поголеми чешниња лук

500 г рендана зелка (како за салата)

1 чаша интегрален ориз

½ мала лажица буковец

1 мала лажица црвен пипер

½ мала лажица сол (или по вкус)

Свежо мелен црн пипер

2 л зеленчуков бујон (ако ви е останат од варење некој зеленчук) или вода

3 чаши вода за варење на оризот

2 чаши варен наут

Сок од половина лимон

All-focus

Опис:

  1. Во посебно тенџере со прстофат сол и 3 чаши вода на средна температура со затворен капак варете го интегралниот ориз (околу 45 минути откако ќе почне да врие)
  2. Во поголемо тенџере ставете да се загрева 2 литри зеленчуков бујон или вода. Во водата ставете ги кромидот, морковите и зелката да се варат. Додадете сол и оставете да врие на средна температура околу 40 минути.
  3. Пред крајот на варењето, додадете ги сварениот ориз и наутот, буковецот, црвениот и црниот пипер.
  4. Откако ќе се свари супата, тргнете ја од оган и додадете ги гранчињата целер, исцедениот лимон и изренданите чешниња лук. Убаво измшајте со дрвена лажица.

Супата можеби бара малку подготовка за сечкање на зеленчукот, но потоа за самиот процес на изведба нема многу работа.

bty

 

Зимска чорба со многу зеленчук

Ова е чорба која најмногу ја правев оваа зима и ми се издвои како најголем фаворит. Прво, причина е убавиот, интересен вкус, второ, затоа што се прави во „реално време“, односно подготвоката може да трае всушност додека се прави чорбата.

Состојќи:

1 литар вода

3 чешниња лик

1 главица кромид, исечкан на коцки

1 мала жолта репка, излупена и исечена на поголеми парчиња

2 големи моркови, исечени на поголеми кругови

1 голем пашканат, исечен на поголеми парчиња

1 сладок компир, излупен и исечен на поголеми парчиња

2 компири, средна големина, излупени и исечени на поголеми парчиња

1 чаша замрзнат грашок

2 чаши прокељ, преполовени само ако се големи главиците

Печурки, исечени на поголеми парчиња

Морска сол и црн пипер (по вкус)

2 големи лажици овесно брашно

80 мл ладна вода

bty

Опис:

  1. Во поголемо тенџере почнете со загревање 1 литар вода. Кога ќе почне да врие, намалете на средна температура и ставете да се варат кромидот и компирите.
  2. По 10-ина минути додадете ги слаткиот компир, морковите и пашканатот.
  3. По 10-ина минути додадете ги грашокот и прокељот.
  4. По 5 минути додадете ги печурките и жолтата репка и варете дополнителни 5 минути.
  5. Зачинете ја чорбата со сол и црн пипер и со истолчен или изрендан лук.
  6. Овесното брашно измешајте го во 80 мл ладна вода, исклучете го шпоретот и полека, мешајќи полевајте ја мешавината од вода и брашно во чорбата. Почекајте некоја минута да се згусне, ако не ви е доволно густа, додадете уште една лажица овесно брашно.

bty

Во оваа чорба можеби малку во вкусот ќе ве збуни слаткиот компир, така што, ако сакате заменете го со обичен компир. Сепак, искрено препорачувам слаткиот компир да остане, затоа што има убав вкус, а е и сосема поразличен зеленчук од обичниот компир со свои карактеристики, а само носи исто име поради сличниот изглед.

Од сите овие чорби излегува голема количина, така што ако нема кандидати веднаш да се изедат, без проблем може да се чуваат некој ден во фрижидер.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: