СНИКЕРС ПЛОЧКИ


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“

Сникерс плочки

Аха, значи треба да се исполнат три услови – да биде вкусно, да биде составено од состојките што ги имам дома (по можност од кикиритки) и најбитно – да биде брзо!!!

Во ваква тешка ситуација отварам фрижидер, го вклучувам компјутерот и правам споредби, кој рецепт што бара и од друга страна што нуди магичниот фрижидер.

Токму во една таква ситација се направени и овие плочки кои за брзо време станаа хит кај сите гости што поминаа во мојот дом последниве денови. А баш кога ги направив и помисив дека ќе имам слатки за секој ден, бев предупреден дека неколку парчиња треба да се чуваат за неколкумина кои задолжително мораат да ги пробаат. Така, од овие слатки ја имав таа чест да пробам се на се само една ипол плочка – украдени рано наутро додека сите спијат!

Сникерс плочки

Сникерс плочки

Состојки

Основа:
1 чаша ореви
1/2 чаша лешници
1/3 чаша дехидрирани кикиритки
4 меки урми (ако имате пресувани, откиснете ги во вода)

Крем:
8 меки урми
3 големи лажици домашен путер од кикиритки
1 големи лажици кокосово масло (растопено)
Прстофат сол
1 мала лажица ванила

1/2-3/4 чаша дехидрирани кикиритки (без лушпа)

Чоколадна глазура
1/4 чаша какао
1/4 кафеав шеќер во прав
1/4 растопен какао путер
Прстофат сол и прстофат чили

Сникерс плочки

Опис

За основата:

  1. Во фуд-процесор мелете ги оревите, лешниците и кикиритките додека убаво да се иситнат.
  2. Додадете ги урмите и мелете додека смесата да почне да се лепи и соединува (можеби ќе ви треба да додадете 1 лажица вода за полесно мелење).
  3. Смесата убаво распоредете ја и натапкајте ја на основата на правоаголна модла обложена со хартија за печење.

За кремот:

  1. Состојките за кремот мелете ги во фуд-процесор додавајќи малку вода додека не добиете мазна, хомогена смеса. Треба да се создаде кремаста структура.
  2. Кремот распоредете го врз основата во модлата
  3. Дехидрираните излупени кикиритки распоредете ги врз кремот и убаво натапкајте ги, така што со еден дел да навлезат во него.
  4. Колачот ставете го во ладилник.

Сникерс плочки

За чоколадната глазура:

  1. Во ѓезве ставете сосема малку вода (колку 1 мала лажица) и на многу ниска температура (на мојот шпорет тоа е на 1) растопувајте го шеќерот.
  2. Кога ќе се стопи шеќерот (ако го топите на соодветна температура не би требало да ви загори), додадете го растопениот какао путер и брзо мешајте.
  3. Додадете ги и какаото, солта и чили пиперот и брзо мешајте додека не добиете смеса налик на растопено чоколадо. Таквиот ефект ќе го постигнете за неколку секунди.
  4. Потготвеното чоколадо убаво распоредете го врз кремот со кикиритки во модлата и колачот ставете го да отстои во замрзнувач најмлаку 1 час.
  5. Убаво стврднатиот колач извадете го од модлата (со помош на хартијата за печење тоа не би требало да ви причини проблем) и поделете го на 11 еднакви плочки.

Сникерс плочки

Нормално, ваквиот колач за поубав излгед и за да нема кавги по дома најпрактично е да се подели на парчиња, затоа овој десерт го нареков сникерс плочки. Сепак, ако сакате да го направите некаква пригода, како на пример роденден или некаква прослава, може да се искористи и како торта, па поделбата на парчиња да се направи дополнително.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: