МАКАРОНИ СО ТОПЕНО СИРЕЊЕ


Овој период ми беше доста турбулентен – гостување на телевизија, учество на Вегефест, плус пропратни обрвски и сетоа тоа резултираше со мојата најлоша навика – кратење на времето за спиење. По неколку супер активни месеци, сега кога имам повеќе слободно време не знам ни што да правам со него.

Макарони со топено сирење
Макарони со топено сирење

За гостувањето на телевизија Телма од мене беше побарано да зборувам за искуствата со веганската исхрана и да претставам еден вегански рецепт. Знаејќи дека прилогот ќе го гледа веројатно популација која повеќе е исплашена отколку потготвена да ја прифати посната храна за свој животен стил, решив да претставам рецепт кој ќе докаже дека здравата храна не значи нешто блуткаво и здодевно – макарони со топено сирење (кај нас познато како зденка).

Макарони со топено сирење
Макарони со топено сирење

Популарнот специјалитет од американските ресторани, а со тоа и во европските, посебно оние наменетите за тестенини, mac’n’cheese, е вкусно, но крајно декадентно јадење, поточно калорична бомба. Западните блогери не сакајќи да се откажат од омилените вкусови, смислиле далку поздрава варијанта при чие конзумирање не мора да се мислите дали повеќе си правите себеси задоволство или си штетите.

Во оваа варијанта на макароните со топено сирење можеби ќе ве збуни количеството на сол, но затоа реков дека јадењето е наменето за оние кои се во преодна фаза, но и дозата се однесува на половина килограм макарони, така што солта се распоредува на неколку порции.

Макарони со топено сирење
Макарони со топено сирење

Макарони со топено сирење

Состојки:

500 г макарони од интегрално брашно

За „топеното сирење“:

2 чаши исечкани жолти компири (околу 2 компира, средна големина)

½ чаша исечкани моркови (околу 1 морков, средна големина)

2/3 чаша исечкан кромид (1 помала главица кромид)

1 ½ чаша вода од варењето на зеленчукот

1 чаша индиски ореви (може претходно половина час да бидат потопени во вода)

½ чаша растително млеко (соино, бадемово или кокосово)

4 големи лажици нутритивен квасец

2 големи лажици сок од лимон (приближно сок од половина лимон)

1 ½ мала лажица сол

3 чешниња лук

Прстофат црвен пипер

Прстофат буковец (ако сакате позачинето)

Макарони со топено сирење
Макарони со топено сирење

Опис:

  1. Макароните сварете ги ал денте според инструкциите на пакувањето.
  2. Компирите, морковот и кромидот можете да ги сварите во тенџере со вода колку да ги покире или да ги варите на пареа. Во двата случаи доволно е да се варат 10-ина минути.
  3. Сварениот зеленчук, заедно со останатите состојки за топеното сирење ставете ги во блендер и мелете додека не добиете крем смеса како погуст прелив.
  4. Сирењето прелејте го врз топлите макарони, можете да поропрскате некоја зачинска билка (оригано или чубрика) и добивате комплетен оброк.
Макарони со топено сирење
Макарони со топено сирење

Вака потготвените макарони можете да ги префрлите во тава за печење, да ги покриете со лебни трошки и да ги потпечете 15-ина минути на 180°Ц.

Истиот прелив можете да го искористите и за преливање малку потсварен карфиол или во комбинација со некој друг зеленчук.

2 thoughts on “МАКАРОНИ СО ТОПЕНО СИРЕЊЕ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: