ГРЧКА МУСАКА (Посна варијатна)


Нема некој што отишол во Грција на летување да не пробал или барем да не прочитал за грчката мусака. Всушност, во мојот претхоен живот грчката мусака ми беше омилено јадење и редовно ја порачував во ресторан каде и да сум во Грција.

Грчка мусака
Грчка мусака

Со промените на животниот стил, а тука спаѓа и исхраната, омилената мусака морав да им ја скратам на моите сетила за вкус, ама тоа не значи дека ја заборавив.

Втор дел од приказната: Пред извесно време читам списание за веганска исхрана и барам инспирација за некои нови вкусови. Доаѓам до текст за вегански ресторан во северна Англија наречен Калф кафе (C-A-L-F café). И додека си фантазирам колку би било убаво некогаш и кај нас да откирјам нешто слично за кога ќе излезам во ресторан без штедење да си порачам убаво јадење, ги забележувам рецептите понудени од ресторанот. А меѓу нив и рецепт за грчка мусака. Алелуја!

Морам да спомнам и дека иако нема некоја филозофија во правењето на оваа мусака, сепак, целосната изведба ми одзеде скоро 3 часа. Ама да не ве плашам пред да се обидете да ја составите. Јас сум познат по бавното сечкање и слабата организација во кујна, па веројатно нормалното време потребно за целосна изведба на рецептот би било околу час, час и половина, без времето за печење.

Грчка мусака
Грчка мусака

Грчка мусака (посна варијанта)

Состојки:

2 модри патлиџани, исечени на листови

4 големи компири, излупени и исечени на кругови

3 тиквички исечени на кругови

2 бабури (исечени на кругови)

2 чаши леќа

400 г печурки, исечени на подебели листови

4 чешниња лук, истолчен

1 голема главица кромид, исечкана на ситни коцки

1 ½ кг домати

1 мала лажица суво оригано

Прстофат цимет

Мешавина од суви зачини (може и по сопствен избор, на пр. чубрика, мајчина душичка, босилек)

2 мали лажици морска сол

1/2 мала лажица црн пипер

2-3 ловорови листови

Состојки за белиот сос:

1/2 интегрално пченично брашно

2 чаши растително млеко (соино, бадемово…)

1 голема лажица пченкарен скроб разматен во ½ чаша ладна вода

1 ½ мала лажица морска сол

Грчка мусака
Грчка мусака

Опис:

1. Листовите модар патлиџан распоредете ги на тавче за печење и попрскајте ги со морска сол. Нека отстојат околу половина час, а потоа со харитена крпа впијте ја течноста што ќе ја испуштат.

2. Исечените тиквички, бабурите и печурките распоредете ги на тавче за печење (може да ви требаат две тавчиња) и ставете ги да се печат во рерна на 200 степени, не подолго од 15 минути.

3. Круговите компири распоредете ги на посебо тавче затоа што обично им е потребно подолго време за потпекување. Печете ги колку да подомекнат, а не убаво да се испечат, затоа што ќе продолжат да се варат во склоп на самата мусака.

4. Во тенџере запржете го кромидот со ориганото (место на масло, пржете на малку вода на пониска тепература).

5. Додадете ги доматите убаво изблендирани, ловоровите листови, циметот, мешаните суви зачини, попрскајте со сол и црн пипер. Леќата убаво измиена вметнете ја да се вари во бледнираните домати. Вода додавајте само ако сосот од домати и леќа преногу ви се згусне при варењето. Доматите ако се поводлести, веројатно нема да има потреба од вода.

6. Откако ќе се свари леќата во доматниот сос, додадете ги потпечените бабури и печурките и убаво измешајте. По потреба додадете морска сол и црн пиепр (внимавајте да не пресолите).

7. За белиот сос, на тивок оган загрејте околу ½ чаша вода и во неа постепено додавајте го брашното со постепено мешање. Варете додека не се згусне.

8. Додадете ги млекото, измешаниот пченкарен скроб и солта и постојано мешајте додека сосот не се згусне.

9. Рерната вклучете ја да се загрева на 200°Ц, а во меѓувреме наредете ја мусаката во тава за печење. Првиот ред се компирите. Врз нив распоредете 1/3 од сосот со домати и леќа. Вториот ред се модрите патлиџани, па уште 1/3 од сосот со леќа. Третиот ред се тиквичките и врз нив полејте го остатокот од сосот со леќа.

10. Врз слоевите полејте го белиот сос. Мусаката покрите ја со хартија за печење, одозгора зацврстена со алуминиумска фолија (поентата е алуминиумот да не допира до храната).

11. Печете 45 минути, а потоа отстранете ги хартијата и фолијата и печете уште 15-ина минути.

Грчка мусака
Грчка мусака

Задолжително да спомнам, дека овде ви го пренесувам рецептот со оригиналните мерки. Првпат кога ја направив мусаката излезе навистина многу, да не претерам, сигурно за да се заситат петмина. Затоа, најдобро е пробно да направите половина доза.

Мусаката се сервира со парчиња свеж домат и свежа салата, а одлично во комбинација оди и потпечено лепче со толчен лук и магдонос.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: