НИСУАЗ САЛАТА СО НАУТ И БОРАНИЈА


Секогаш го имам истиот став – голем дел од конвенционалните јадења можат да се преобразат во поздрава варијанта и притоа да не им се оштети вкусот. Потребно е само да се знаат комбинациите кои ќе придонесат вкусот на оригиналот да не се изгуби. Нормално, ако некое јадење се заснова исклучиво на месо, павлака за готвење и млеко, веројатно му нема спас, макар што можеби и на тоа може да му се најде некое решение.

Нисуаз салата со наут и боранија
Нисуаз салата со наут и боранија

Карактеристично за Нисуаз салатата е што се прави со специјално масло од нисуаз маслинки, ама ај маслото некако ќе го наминеме. Што е со јајцата и туната? Овде на се треба да му се најде замена, а салатата приближно да го има истиот вкус како оригиналот!

Можеме вака да направиме туната ќе ја замениме со парчиња маслинка, а комбинацијата од варен наут измешан со сенф ќе го долови вкусот на варено јајце. Во класичната Нисуаз се додава и боранија, па додадов и јас за поголема хранливост.

На крај добивате Нисуаз слата која пука од свежина, а додека ја конзумирате не чувствувате грижа на совест дека во организмот внесувате нешто со што можете да му наштетите!

Нисуаз салата со наут и боранија
Нисуаз салата со наут и боранија

Нисуаз салата со наут и боранија

Сосотојки:

½ кг млада боранија

1 ½ до 2 чаши варен наут

15 маслинки (по можност маслинките да не се чувани во масло и да не се пресолени)

1 рака свежи билки: босилек, магдонос, копар

1 голем црвен домат

2 големи лажици сенф

Морска сол (по вкус, ако се солени маслинките може и да се изостави)

Црн пипер (по вкус)

Нисуаз салата со наут и боранија
Нисуаз салата со наут и боранија

Опис:

1. Боранијата убаво исчистете ја од рачките, измијте ја и исечкајте ја на парчиња со големина од околу 3 цм.

2. Боранијата најмногу ги задржува хранливите состојки кога се готви на пареа, па и за оваа салата може да се примени тој метод. Варете ја во сад за говрење на пареа или ако немате, истото приближно успешно можете да го изведете со тенџере и голема цедалка која ќе има пречник колку отворот на тенџерето. Наполнете вода до цедалката и чекајте да зоврие. Кога ќе почне да врие, ставете ја боранијта во цедалката и убаво поклопете со капакот за пареата да не може да излегува (барем поголемиот дел). За 10-15 мин боранијта ќе биде и мека и крцкава во исто време, односно совршена.

3. Додека е топла, боранијата измешајте ја со останатите состојки, освен со доматот.

4. Откако салатата ќе се подизлади, исмешајте го и ситно исечканиот домат.

5. Ако дозволува времето, конзумирајте ја откако претходно барем еден час ќе отстои во фрижидер.

Нисуаз салата со наут и боранија
Нисуаз салата со наут и боранија

И од оваа салата можат да се направат варијации. На пример, место жолта, како поавтентично, можете да додадете зелена боранија. Или во случај да ја применувате како главен оборок и не ве заситува, можете да вметнете и компири варени на пареа.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: