ЦЕЛ МЕСЕЦ НА ПОСНА ХРАНА


Веќе неколку години сум поборник за строго посна исхрана (популарно наречена веганска), а тоа го применувам и како сопствен животен стил. Веганскиот начин на готвење во овој период ми влезе во крвта, затоа што бара доста креативност и истражување на што посветувам голем дел од слободното време.

Макарони од хелјда со песто од блитва
Макарони од хелјда со песто од блитва

Е сега, кога постепено ќе навлезете во филозофијата на веганството, сакате придобивките да ги споделите со цел свет, пред се преку исхраната, од каде што се започнува. До сега, освен за моите дома врз кои ги имам испробано сите рецепти што ми фатиле око, во неколку наврати сум готвел и за поголема група луѓе, ама никогаш немав храброст да направам веганска програма и за некого да готвам целосно мени.

По долги размислувања испитувања и пресметки решив да си ги испробам границите и дојдов на идеја за „Посен предизвик“ кој ќе биде наменет за луѓе што сакаат да постат за Велигден, а не знаат што всушност да јадат. Составив мени од 4 недели, цели 28 дена без прекин! Многумина ме прашуваа, испитуваа за каква прогама станува збор, се сомневаа дали можат да се најадат од ваквата храна и дали сето тоа ќе биде вкусно. Дел од тие заинтересирани беа доволно храбри и се пријавија за „Посниот предизвик“ и прифатија да им готвам цел месец.

Паштера од модар патлиџан
Паштера од модар патлиџан

Морам да признаам дека целиот проект ми беше голем стрес. Сакав се да биде совршено, за пријавените да одберам продукти како што избирам за моите домашни, да зготвам вкусна храна што ќе им ги задоволи барањата на нервните завршетоци за вкус и, нормално, да бидат најадени.

Тој цел месец ме чинеше многу нерви, неспиење и вложена енергија. Ама не се жалам! Најбитно е што пријавените во предизвикот беа задоволни. А се заборава на целиот замор кога ќе го дознаете таквиот исход од трудот во кој сте вложиле голема љубов.

Затоа решив предизвикот да го повторам уште еднаш. Би готвел уште еден месец за да покажам дека може да се живее со веганска исхрана и дека токму таквиот начин на исхрана носи поголемо здравје и убав физички изглед.

Самокиснат леб
Самокиснат леб

Еве што конкретно имаше на менито од првиот „Посен предизвик“:

ПОЈАДОК:

Овесна каша со банани и јаболка

Овесна каша со банани и јаболка
Овесна каша со банани и јаболка

Овесна каша со банана, јаболко, таан и цимет

Овесна каша „топло чоколадо“

Овесна каша од банана со лешници, смокви и брусница

Ладна овесна каша со кокос и јатки

Каша од мешани житарки со јатки и банана

Каша од просо со јаболка

Овесно парфе со јатки и суво овошје

Овесно парфе со лешници

Меки варени ѓевреци

Меки варени ѓевреци
Меки варени ѓевреци

Проја со праз и спанаќ

Парче торта од варена пченица

Пченкарни мафини со мармалад од сливи

Банана мафини

Банана мафини
Банана мафини

Проја мафини со праз и тиквички

Тост сендвич

Гранола со ореви и банана

Гранола со млеко

Чоколадна гранола со бадеми и млеко
Чоколадна гранола со бадеми и млеко

Потпечени овесни плочки со јаболка и прелив од мед, ореви и суво грозје

Леб од морков со чоколаден намаз од лешници

Чоколаден крем од лешници
Чоколаден крем од лешници

Банана лепче

Безглутенски палачинки

Безглутенски палачинки
Безглутенски палачинки

Ароматични лајбици со крем сирење

Ароматични лајбици
Ароматични лајбици
Крем сирење
Крем сирење

Со појадоците редовно имаше и СВЕЖИ НАПИТОЦИ:

Зелено смуди со блитва и киви

Чоколадно смуди со една тајна состојка

Чоколадно смуди со една тајна состојка
Чоколадно смуди со една тајна состојка

Чоколадно смуди со јатки

Зелено смуди со нане

Зелено смуди со целер

Зелено смуди со блитва и коприви

Смуди со аронија

Ладен напиток од лимон и кокос

Свежо цеден сок од портокал и цитрон

Свежо цеден сок од морков, портокал и цитрон

Швепс смуди

Освежително смуди „витаминска бомба“

СУПИ КАКО ПРЕДЈАДЕЊЕ:

Супа од брокула

Зелечукова крем супа

Доматна супа

Доматна супа
Доматна супа

Супа од тиквичка

Супа од блитва

Супа со прокељ

Супа од мешан зеленчук

Крем супа со брокула

Чорба од ориз

Супа од морков и тиквичка

Супа од печен морков

Кисела супа од спанаќ

Боршч супа

Супа од зелка и грашок

Супа од мешан зеленчук и јачмен

РУЧЕК:

Бурито со зленчук и паштета од грав

Бурито со зленчук и паштета од грав
Бурито со зленчук и паштета од грав

Мусака со фил од зеленчук

Џејми оливер пилав со печурки и сос од зелка и прокељ

Чорба од леќа и просо

Чорба од леќа и просо
Чорба од леќа и просо

Полнети компири со крем сос од наут

Пролетно рижото со нане

Пролетно рижото со диво нане
Пролетно рижото со диво нане

Грав чорба + маринирано цвекло

Гулаш од печурки и компири

Печени компири со крем сос од наут
Печени компири со крем сос од наут

Полнети пиперки

Компирно пире со прелив од боранија

Интегрални макарони во сос од домати и спанаќ

Мусака од спанаќ и коприви

Тавче гравче

Фалафел со бел сос

Фалафел со бел сос
Фалафел со бел сос

Чорба од леќа и компири

Ориз со сичуан прелив

Редена тава

Ѓувеч

Интегрални макарони со доматен сос и ќофте

Интегрални макарони со доматен сос и ќофте
Интегрални макарони со доматен сос и ќофте

Бел грав

Зеленчук со прелив од домати

Зеленчук со прелив од домати
Зеленчук со прелив од домати

Розово рижото и плескавици од хелјда

Кашкан компир со прелив од грашок

Ориз со сусам и суви печурки и прелив од наут

Плескавици од варена хелјда
Плескавици од варена хелјда

Тавче гравче со коприви

Ѓувеч од праз и ориз

Интегрални макарони со потпечен зеленчук и пикантен сос од домати и лук

Една поинаква мусака

Со некои од ручеците одеаи разни видови ДОМАШНО ИНТЕГРАЛНО ЛЕПЧЕ

Леб од кисело тесто
Леб од кисело тесто

ВЕЧЕРА:

Оризови бомбици

Солени бомбици од ориз
Солени бомбици од ориз

Плескавици од леќа со гвакамоли

Бургери од леќа
Бургери од леќа

Руска салата

Пролетна салата од компир

Салата од пченка

Руска салата со тофу мајонез
Руска салата со тофу мајонез

Печени компири и паштета од ореви

Проја од просо со праз и кари

Проја од просо со праз и кари
Проја од просо со праз и кари

Печен фалафел со спанаќ

Печен фалафел со спанаќ
Печен фалафел со спанаќ

Нисуаз салата со грашок и наут

Крем супа со мирис на босилек + табуле салата

Крем супа со мирис на босилек
Крем супа со мирис на босилек

Компир салата

Проја од наут + „пржен“ пинџур

Летен пинџур
Летен пинџур

Печени компирчиња и баба гануш

Руска салата со макарони

Салата со просо

Салата со просо
Салата со просо

Цезар салата

Леб од пченично и пченкарно брашно со намаз од грав и зеленчук

Макробиотски леб со паштета од ореви

Салата од наут

Салата од наут
Салата од наут

Кинеска салата со мајонез од компир

Кинеска слата со мајонез од компир
Кинеска слата со мајонез од компир

Булгур салата со ротквици и песто од сончоглед

Булгур салата со ротквици и песто од сончоглед
Булгур салата со ротквици и песто од сончоглед

Крем чорба од потпечен пашканат и печурки + салата од пченка и тиквички

Крем чорба од потпечен пашканат и печурки
Крем чорба од потпечен пашканат и печурки

(Скоро) безглутенско лепче со намаз од тофу

Пица проја

Салата од просо со песто од ореви и магдонос

Пица од пченкарно брашно
Пица од пченкарно брашно

Нисуаз салата со боранија

Печен компир со толчен пинџур

(Скоро) безглутенски леб
(Скоро) безглутенски леб

Булгур салата со цвекло и морков на пареа

Булгур салата со цвекло и морков на пареа
Булгур салата со цвекло и морков на пареа

Со секои ручек и вечера одеа и СВЕЖИ САЛАТИ:

Зелена салата

Зелена салата од марула и младо лукче

Мешана салата

Салата од зелка со ким

Ориз од цвекло, брокула, пашканат и морков

Салата од краставица и моркови со копар

Салата од морков и краставици со копар
Салата од морков и краставици со копар

Свежа салата од морков и цвекло

Салата од мариниран зеленчук

Салата од краставица, морков и дајкон

Нудли од моркови

Свежа салата од блага репка и цвекло

Зелена салата со рукола и млад лук

Ориз од карфиол

Салата од трупки со прелив од таан и лимон

Салата од трупки со прелив од таан и лимон
Салата од трупки со прелив од таан и лимон

На крајот од секоја успешно завршена недела имавме подарок СЛАТКИ ДЕСЕРТИ:

Пудинг од благ компир

Бомбици со путер од кикиритки

Чоколадни бонбони

Чоколадни бонбони
Чоколадни бонбони

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: