МЕКИ ВАРЕНИ ЃЕВРЕЦИ


Со оваа варијација на тема варени ѓевреци мислам дека поставив личен  рекорд како најчесто испробан рецепт за најкратко време.

Меки варени ѓевреци

Во еден момент на губење време, чепкав да разгледам што има ново на интернет и случајно налетав на ѓевреци кои изгледаа доста примамливо на фотографиите.

За да видам дали сликата лаже, го погледнав составот и решив да ги направам, чисто пробно, па да видам како ќе поминат кај моите дома.

Ги направив и толку, немаше враќање назад. Беа толку рофити и со убав вкус, што мојата дружина дома веднаш ми нарача уште некоја доза.

Од тогаш сум ги направил милион пати, а само да спомнам дека ги открив пред неполни два месеци. Испитани се и пред други луѓе и реакцијата за овие варени ѓевреци секогаш е иста – прекрасни и со вкус и со мирис.

Меки варени ѓевреци

Меки варени ѓевреци

Состојки:

За квасецот:

½ чаша органско соино млеко

1 коцка квасец

½ мала лажица мед

За тестото:

½ чаша соино млеко

2 мали зрели банани, испасирани

1 голема лажица домашен путер од кикиритки

3 чаши интегрално брашно (имајте за резерва уште 1 чаша брашно)

1 чаша бело брашно

1 мала лажица морска сол

½ мала лажица цимет

За варење и печење:

5 големи лажици сода

7 чаши вода

1 мала лажица мед

1 голема лажица растително млеко

Крупна сол, сусам или ким

Меки варени ѓевреци

Опис:

1. Загрејте го сето потребно млеко, да биде топло, не жешко. Половина од загреаното млеко измешајте со квасецот и со медот и мешавината оствете ја на топло место за квасецот да се активира.

2. Испасираните банани измешајте ги со останатата половина чаша загреано млеко и со путерот од кикиритки. Мешајте додека убаво не се искомбинираат сите состојки.

3. Кај мешавината со бананите додадете ги брашната, солта, циметот и активираниот квасец. Убаво имешајте и почнете со месење на тестото.

4. Месете го тестото 10-ина минути со постепено додавање брашно. Во зависнот од типот на интегрално брашно и од големината на бананите, веројатно ќе ви треба уште малку брашно додека да добиете меко, не преногу лепливо тесто. Овде можеби ќе потрошите и дополнителна чаша брашно, надвор од стандардната мерка.

5. Тестото ставете го во набрашнет сад, покријте го со крпа и оставете го на топло место да отстои 90-ина минути за убаво да искисне. Ако немате време, убаво завиткајте го и оставете го во фрижидер преку ноќ. Во тој случај пред да ги правите ѓевреците, извадете го тестото барем половина час на собна температура.

Меки варени ѓевреци

6. Ставете ја содата во водата и почнете со загревање за водата да почне да врие. Потгответе тавче за печење со тоа што ќе го обложите со хартија и вклучете ја рерната да се загрева на 230°Ц.

7. Земете од тестото мало топче и валајте го меѓу рацете додека не добиете форма на јаже. Убаво спојте ги и залепете ги двата краеви.

8. Ѓевреците варете ги во водата што врие, секој по 1 минута, односно додека да исплива на површина. По таа минутка варење поставете ги на памучна крпа.

9. Во мал сад измешајте ги медот, млекото и сусамот (солта или кимот, зависи што сакате да има врз ѓевреците). Со четка за премачкување или едноставно со раце премачкајте ја горната површина на ѓевреците со мешавината.

10. Наредете ги на тавчето со хартија и печете ги 15 минути.

11. Пред јадење, ако можете, почекајте некоја минута за ѓевреците да се подизладат.

Меки варени ѓевреци

Во зависнот од големината, од оваа доза ќе ви излезат некаде околу 15 мали ѓевреци. Најубави за конзумирање се додека се топли, а најубаво е да ги изедете во рок од 24 часа, ако воопшто ви остане некој ѓеврек.

И тоа да нагласам, кога би ги правел само за мене, јас овде би го исфрлил сусамот од површината на ѓевреците, затоа што избегнувам загреани семки.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: