ПЕЧЕН ФАЛАФЕЛ СО СПАНАЌ


Секојдневно да се смислуваат оброци за цело семејство може да биде доста исцрпувачки. Притоа треба да се внимава состојките во оброците премногу да не се повторуваат, вкусовите да бидат различни и секој да биде најаден.

Печен фалафел со спанаќ

Во ваква ситуација, посебно кога немате нешто многу инспирација, мора да ви влета некое јадење како џокер, за да спасите ситуација. Фалафелите се одлична варијација, посебно во улога на храна за носење, нешто како солени колачи. Ги правите, ги ставате на маса и се послужува секој член на семејството на поминување, кој кога сака.

Фалафел може да се прави во милиони варијатни со додавање или одземање некои состојки, а и овде можете да најдете еден доста вкусен рецепт. Традиционалниот рецепт за фалафели содржи и масла и пржење, што никако не се вклопува во мојот начин на исхрана, така што овде не е вклучено ништо од тоа. Со додадено зеленило и печени место пржени, овие солени колачиња се идеални за конзумирање во кој било дел од денот.

Печен фалафел со спанаќ

Печен фалафел со спанаќ

Состојки:

3 чаши варен наут

2 чаши млад спанаќ, исечкан

1 чаша кромид

4 чешниња лук

3 големи лажици ситно исечкан магдонос

Сок од половина лимон

2 мали лажици мелен ким

1 мала лажица сув коријандер

½ мала лажица буковец

½ мала лажица црн пипер

1 мала лажица морска сол (може и помалку)

½ чаша овесни снегулки

Печен фалафел со спанаќ

Опис:

1. Сите состојки, освен овесните снегулки, ставете ги во фуд-процесор и мелете додека не добиете скоро мазна смеса. Не е страшно ако останат парчиња од некоја состојка.

2. Зачинете со сол и пипер, според вашиот вкус.

3. Рерната нека се загрева на 200°Ц, а за тоа време мелената смеса измешајте ја со овесните снегулки додека убаво да се искомбинираат.

4. Од количина колку една супена лажица правете фалафели во вид на мали плескавиции наредете ги за печење на нелепливо тавче или на тавче прекриено со хартија за печење.

5. Поставете ги на средината на рерната и печете 15-20 минути. Внимателно превртете ги и печете уште 10-15 минути. За да знаете дали се печени, врвовите треба малку да им се покафенети.

6. Извадете ги од рерна и оставете да се изладат 10-ина минути пред сервирање.

Ваквите фалафели, покрај со свежа салата, убаво одат и со домашен сос од домати, веганез или во комбинација со некоја крем чорба.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: