ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО КРЕМ СОС ОД НАУТ И БРОКУЛИ


Пред извесно време го прегледував блогов, малку се посмеав од старите фотографии, листав што се сум објавувал и кои рецепти сум ги подзаборавил и на крај дојдов до страшен податок: никаде немам јадење со компири.

Печени компири со крем сос од наут

Не знам зошто сум ги запоставил кога редовно ги јадам. Компирот е идеална замена за оние, на пример, што имаат проблем со глутен, а се навикнати на леб со секое јадење.

Или одлични се кога немате идеа што да ручате или вечерате, а многу и не ви се размислува, па варите или печете компир, го комбинирате со богата свежа салата и веќе имате оброк.

И на толку љубов кон компирот, никако да се истакнам со рецепт што ќе го содржи. Веројатно затоа што компирите најчесто ги јадам баш само така, компир и салата и ништо друго.

Од овие причини, штом налетав на следниов рецепт, веднаш откако го направив го сликнав и решив да го објавам.

Печени компири со крем сос од наут

Печени компири со крем сос од наут и брокули

 

Состојки:

5 компири, средна големина

Крем сос од наут (објаснет подолу)

3 чаши брокула

1. Печење на компирите

5 компири (средна големина) убаво измијте ги, прободете ги на неколку места со нож или со вилушка (за да не испукаат при печењето) и печете го сосе лушпа во рерна загреана на 200˚Ц, околу 1 час, односно додека да омекнат.

Откако ќе се испечат, тргнете ги на страна и почекајте малку да се изладат.

2. Крем сос од наут

 2 чаши варен наут

2  полни големи лажици нутритивен квасец

1 голема лажица таан

1 1/2 голема лажица јаболков оцет

1 мала лажица лук во прав

1/2 мала лажица црвен пипер (или буковец)

1/2 мала лажица куркума

2 големи лажици сушен кромид

2 мали лажици сенф

1/2 мала лажица морска сол (може и да се изостави)

1/2 чаша растително млеко (соино, оризово или од некои јатки)

Сите состојки ставете ги во фуд-процесот со Ѕ сечило и миксирајте додека не добиете крем смеса.

3. Варење на брокулите

 Во малку вода на тивок оган со затворен капак од тенџерето варете ги брокулите околу 7-8 минути за да можат да се пасираат.

Брокулите кога ги обработувам термички, тоа обично го правам исклучиво на пареа, некои 4-5 минути, но во таков случај не може да се испасираат. Затоа овде го применив овој метод.

Внимавајте, водата од варењето на брокулите немојте да ја фрлате! Таа содржи хранливи состојки што излегуваат од брокулата, затоа зачувајте ја за да ви послужи како зеленчуков бујон за некоја чорба.

Откако ќе се сварат брокулите, убаво испасирајте ги со пасирка или со вилушка.

4. Полнење на компирите

Кога ќе се подизладат компирите, секој исечете го на половина по должина. Внимателно извадете го месото од секој компир и складирајте го во поголем сад. Треба да добиете тенки чамци од компири, само внимавајте да не ја рассечете кората.

Месото од компирите измешајте го со крем сосот и со пасираните брокули.

Со смесата наполнете ги сите чамци од компири.

Печени компири со крем сос од наут
Да се разбереме, мене ова ми е свечен ручек. Ако имате органски компири, слободно можете да ги јадете комплет сосе кората и така се највкусни. Ако ви остане некое парче, чувајте го во фрижидер, затоа што супер вкусни се за јадење и следниот ден.

Полнењето може да се збогати уште некој зеленчук, поточно да испразните ако имате нешто подзаборавено во фрижидер од претходните набавки од пазар.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: