БАНАНА МАФИНИ


Понекогаш не знам дали на светов постои понеогрнизиран човек од мене, посебно пред важен настан. Ние, екипата што учествуваше на Вегефест во октомври минатата година, пред извесно време бевме дел и од хуманитарен настан, од кој комплетното мени можете да го најдете овде.

Банана мафини

До неодамна, никогаш во животот немав направено мафини, нити конвенционални (во претходниот живот), нити во посна варијанта. Пресвртот се случи откако најдов интересни калапи за мафини, а тоа се поклопи и со повторното откирвање на рецепт што сум го имал зачувано во мојот, веќе неколку пати спомнат, хаотичен фолдер. Буквално ми излегоа пред очи истовремено со новите калапи.

Мафините беа направени пробно и моите дома беа воодушевени. Рецептот беше повторен уште неколку пати за убаво да се усоврши и кога се спомна хуманитарниот настан, решив дел од работите што ќе ги направам да биде и ова мое ново откритие.

Почнав да ги потготвувам предвидените јадења, а мафините ги оставив за на крај, затоа што заклучив дека може да се направат за брзо време. Смесата ја замесив и кога стигнав до печењето, дури тогаш ми кликна која е реалната математика: од една доза излегуваат 12 мафини, една тура се печат 20 минути, а јас замесив 3 дози. Еве го и најбитното – со мојот калап се прават само по 6 мафини истовремено, што би се рекло треба да се изведат 6 печења по 20-25 минути, односно за целосната предвидена количина, потребни се минимум 2 часа. И уште ова, заклучокот го донесов во 10 часот, од дома требаше да излегувам во 11, за тоа време требаше и јас да се потготвам, а во меѓувреме морав да допечам и уште една тура ѓевреци. Баш забавно!

Банана мафини

Не знам како успеав, но испеков неколку мафини, колку да се пробаат на настанот, за да се види дека ваков вид колачи можат да се направат и без животински продукти. Тие што успеаја да стигнат да ги пробаат оние неколку мафинчиња, доста ги пофалија, а мене навистина ми е жал што не ја испеков целата количина за да ги вкусат што е можно повеќе посетители на хуманитарниот настан. Сепак, само добро здравје и секогаш има другпат.

 Банана мафини

Банана мафини

Состојки:

1 и ¼ чаша интегрално брашно (јас користев пченично)

½ чаша бело брашно

1 голема лажица прашок за печиво

Прстофат сол

Прстофат цимет

1/2 чаша паста од урми

3 мали созреани банани, испасирани (околу 1 и 1/4 чаша)

1/2 чаша соино млеко (или некој друг вид растително млеко)

1/3 чаша домашен јаболков сос

1 мала лажица агаве (не езадолжително)

1/3 чаша суво грозје

1/3 чаша искршени ореви (не е задолжително)

Банана мафини

Опис:

1. Измешајте ги брашната, содата, солта и циметот. Во друг сад или во фуд-процесор испасирајте ги бананите и измешајте ги со пастата од урми, соиното млеко, јаболковиот сос и медот.

2. Мешавината со бананите истурете ја во мешавината од брашна и измешајте со лажица додека да се искомбинираат. Додадете ги сувото грозје и оревите (ако користите) и тестото излејте го во калапи. Ако калапите не ви се нелепливи, во вдлабнатините ставете поголеми харитени корпи за колачи и во нив распоредете го тестото.

3. Во рерна загреана на 200°Ц печете ги мафините 20-25 минути, а дали се испечени проверувајте со чепкалка за заби.

4. Пред сервирање, почекајте малку да се изладат (околу 15 минути) за полесно да се вадат од калапот, односно полесно да се одлепат од картиените корпи.

Банана мафини

Мафините без животински продукти и без концентрирани масла се вистински предизвик за правење, како и палачинките. Можеби на прва нема да ги погодите, но понеколку обиди сигурно ќе го добиете посакуваниот продукт. Кога би ги правел само за мене (макар што скоро никогаш не правам слатки работи само за мене), би ги изоставил оревите, затоа што избегнувам загревање јатки. Сепак, загревањето на јатките овде не епремногу ризично, затоа што самата влажност на тестото на некој начин ги лади и не дозболува да се препечат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: