НАЈЕДНОСТАВНИ ВАРЕНИ ЃЕВРЕЧИЊА


Во последно време опсесија ми се ѓевреците. Конкретно правам два вида, но овде го претставувам прво поедноставниот вид, затоа што оние другите се уште не ми се доволно усовршени. Веднаш штом добијам убава варијанта што ќе може и да се фотографира, ќе го откријам и тој рецепт.

Наједноставни варени ѓевречиња

Познавам многу љубители на варени ѓевреци, посебно на легендарните, охридските. Пребарував да најдам некој едноставен рецеп и се изненадив кога забележав дека најчесто се прават со масло и свинска маст, а некои варијанти вклучуваат и по некое јајце. Се прашувам, зошто во обичен варен ѓеврек да биде потребно масло, па и јајце!

Оваа верзија е многу едноставна и наликува на месење обичен леб, освен тоа што нема киснење и чекање, туку само замесување на гевреците, нивно кратко варење и на крај печење.

Наједноставни варени ѓевречиња

Наједноставни варени ѓевречиња

Состојќи:

½ кг интегрално брашно (јас користам мешавина од ‘ржано и пченично)

1 коцка квасец

1 чаша топла вода

1 мала лажица кафеав нерафиниран шеќер

1 мала лажица морска сол

2 големи лажици мед

Сусам (за валање на ѓевреците)

 Наједноставни варени ѓевречиња

Опис:

1. Во сад измешајте ги сувите состојки (брашното, шеќерот и солта).

2. Квасецот убаво измешајте го во млаката вода и веднаш додадете го на сувите состојки.

3. Замесете го тестото. Во зависност од брашното, можеби ќе треба да додадете вода или уште малку брашно. Треба да добиете средно меко брашно, како за леб.

4. Ставете во тенџере 1 литар вода и 2 лажици мед и оставете да се загрева.

5. Додека да почне водата да врие, без претходно киснење, оформете ги ѓевречињата.

6. Во вода што врие ставете ги ѓевречињата да се варат околу 3-4 минути.

7. Извадете ги од водата и ставете ги на сува крпа да одморат околу минута-две, но не подолго. Ако ги оставите премногу долго, сусамот во кој ќе ги валате, нема доволно да се налепи.

Наједноставни варени ѓевречиња

8. Сварените ѓевреци валајте ги во сусам и редете ги во тавче на хратија за печење.

9. Печете на 200°Ц на средина на рерната, околу 40 минути, односно додека не станат крцкави. Внимавајте да не ги препечете, затоа што тестото од интегрално брашно нема иста структура додека е многу топло и кога ќе се подизлади.

Наједноставни варени ѓевречиња

Обично го застапувам ставот за никакво или минимално загревање на јатки и семки, но овде направив отстапка со валањето во сусам. Кога ги правам ѓевреците само за мене го избегнувам тој чекор, но во други случаи им додавам сусам, затоа што некако по инерција варен ѓеврек ми оди со сусам.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: