КОКО-ЛИКЕР


Ова е веројатно прв и едниствен пат на блогов да се зборува за алкохол! Нова година, Божиќ, празници и славења еден куп, па кај мене дома се одлучивме да испробаме баш класична празнична трпеза со руска салата (овојпат со мајонез од компири), торта и малку алкохол.

Коко-ликер

Со алкохолот сум сосема скаран и од сите видови сакам да пробам само вино, ако е доволно благо и задолжително да е домашно. Добро, ни некој убав ликер не е на одмет, ама само во многу мала доза.

Рецептот за тортата го добивате во следниот пост, а овде ќе се сконцентрирам на ликерот што го направив за Нова година. Мислам дека љубителите на вакви пијалоци ќе го препознаат составот на ликерот, кој е доста познат но во варијанта со обично млеко и обичен, рафиниран шеќер. Поради тоа многу малку интервенирав и го добив истиот ликер во поподнослива варијанта за мои стандарди.

Коко-ликер

Состојки:

500 мл домашна ракија

100 грама кокос (јас употребив кокосово месо, околу половина од еден кокосов орев)

½ л соино млеко (или кој било друг вид растително млеко)

200 грама кафеав, нерафиниран природен шеќер

Кокосова вода (не е задолжително)

 Коко-ликер

Опис:

1. Кокосовото месо убаво изблендирајте го со ракијата и оставете да отсоти 48 часови. Ако користите сув кокос (кокосови снегулки), директно, без блендирање, вметнете го во ракијата и оставете ги да отстојат исто толку време.

2. Измешајте ги шеќерот и млекото и загревајте додека млекото да зоврие.

3. Откако млекото со шеќерот ќе се излади, измешајте го со кокосот и ракијата и додадете ја кокосовата вода (ако имате).

Нормално, на крај морам да потсетам дека алкохолот (во случајов ракијата), за да не го попречи нормалното функционирање на организмот се пие во многу мали количини. Овој ликер иако не содржи животинско млеко, сепак има доволно масти од кокосот и соиното млеко, а има и концентриран шеќер кои го прават доста калоричен. Сепак, една мала чашка во посебни прилики може само да придонесе за подобро расположение.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: