КРЕМ СУПА СО МИРИС НА БОСИЛОК


Декемрви… зима… на моменти ми студи само што ќе погледнам надвор. Очигледно е дека во зима  не се снаоѓам баш најдобро. На ова тмурно и магловито време, човек треба да подразмисли десетина пати пред да се реши да излезе надвор.

Крем супа со мирис на босилок

Во овој период од годината, најидеална ситуација е да си се подвиткате дома под ќебе, земајте една убава книга во раце, а покрај вас нека испарува миризлива, вкусна чорба. Со оглед на тоа што постојано велам дека во фрижидер не е на одмет да се има сварен ориз, наут или грав, ако го применувате мојот совет, оваа чорба ќе ја потготвите за секунда. Потребни се само неколку состојки, грав, карфиол и свеж босилок, номрално со по некој додаток кој веројатно постојано го имате дома, така што рецептот ќе го изведете во моментот кога ќе се сетите дека за едно убаво загревање ви треба токму една топла супа.

Крем супа со мирис на босилок

Состојки:

1 китка карфиол поделена  на помали делови

1 ½ чаша варен грав

1 главица кромид

3 чешниња лук, истолчен

1 чаша исечкан свеж босилoк

1 лажица домашен путер од кикиритки

Сол и црн пипер по вкус

Опис:

1. Кромидот се запржува 2-3 минути со малку вода.

2. Се додаваат карфиолот и варениот грав и се варат со 4 чаши вода. Варењето трае додека да омекне карфиолот, околу 5 минути.

3. Откако ќе се свари супата, се додаваат свежиот босилек и путерот од кикиритки и се меле во блендер додека не се добие мазна смеса.

4. Се зачинува со сол, црн пипер и истолчен лук.

Знам дека во овој период од годината потешко се наоѓа босилок, па можеби нема да можете уште веднаш супата да ја направите во оригиналната варијанта. Ако сте љубопитни како изгледа комбинацијата од грав и карфиол, слободно испробајте ја со магдонос место со босилок. Мирисот ќе биде изменет, но нема нешто многу да се смени во вкусот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: