ПАЛАЧИНКИ ПО МОЈ ВКУС


Откако започнав да ја менувам исхраната, не знам дали постои некое друго јадење со кое повеќе сум екпериментирал од палачинките. Милиони обиди, најчесто пропратени со катастрофа во кујна! Милиони испробани рецепти за палачинки, некогаш на прва успешни, но никако и од второ или трето правење.

Палачинки по мој вкус

По секој стоти обид следува и констатација дека веќе не треба да се трудам околу палачинките, затоа што не можам да ги изведам како што треба.

Од каде произлезе проблемот? Во детството вистински празник ми беше кога баба ми ќе ми испжеше палачинки. Немаше поголемо уживање! И никој не ги правеше како неа. А мене палачинките ми останаа исклучително јадење од кое човек никако не смее да се откаже. Но кога почнав да експериметнирам со исхраната, се откажав, ама палачинките не ги заборавив.

По извесен период, кога забележав дека голем дел од конвенционалните рецепти можат помалку или повеќе успешно да се прилагодат на мојот начин на исхрана, ми почна потрагата по најсоодветен рецепт за палачинки. А да напарвите палачинки без млеко и не е некоја филозофија. Но да ги направите и без јајца и без масло, е тоа е живо малтретирање.

Палачинки по мој вкус

Наоѓав некои во кои се вметнуваа ореви, а оревите не сакам да ги загревам. Други многу ми наликуваа на лепчиња. Трети имаа одвратен вкус. Потоа следуваше и друг проблем – пржење палачинки без масло. Од сите обиди, 90% не можеа ни да се одлеат од тавата, по што следуваше повторно откажување.

На крај од сите испитувања, си реков, кога не можеш против непријателот, придружи му се! Решив да се ориентирам од конвенционалниот рецепт, а искомбинирав идеи од овој и од овој рецепт и дојдов до мојата варијанта. Јајцата ги заменив со банана, а маслото со лененото семе кое е поиздржливо на висока температура.

И овие палачинки мораше да ги „пржите“ на добра нелеплива тава или да имате убава метална кујнска лопатка за нежно да ги одлепите од тавата, затоа што сите палачинки без јајца и масло и со интегрално брашно се порофити од обичните. И уште нешто, ги правам во две варијанти, со обичен квасец и со делот што се отстранува при правењето домашен кисел квасец, процедура што ви ја објаснив овде.

Палачинки по мој вкус

Палачинки по мој вкус

Состојки:

2 чаши интегрлано (пченично) брашно

1 банана

½ коцка квасец или 1 чаша кисел домашен квасец

1 голема лажица мед

1 голема лажица природен јаболков оцет

1 голема лажица мелено ленено семе

½ мала лажица сол

1 мала лажица екстракт од ванила

Се замесува со кисела вода

 Палачинки по мој вкус

Опис:

1. Квасецот измешајте го во 1 чаша млака вода (ако ги правите со готов квасец).

2. Бананата убаво испасирајте ја, додадете и ги медот, екстрактот од ванила и оцетот и убаво измешајте.

3. Во посебен сад, брашното измешајте го со солта и лененото семе.

4. Измешајте ја смесата со бананата со сувата мешавина со брашно. Додадете го растворениот квасец (или чашата кисел квасец) и замесете со кисела вода. Додавајте вода додека не добиете за нијанса погуста смеса од онаа за обични палачинки. Смесата да не биде премногу густа, затоа што палачинките може да излезат како лепчиња, но да не биде ни претерано ретка, затоа што нема да се пржат.

5. Убаво измешајте со рачна маталка.

6. Во меѓувреме нелепливото тавче ставете го да се загрева. Ако не ви се ризикува, при првите пржења палачинки, на салфетка ставете сосема малку масло и протријте го убаво тавчето за да не ви лепи.

7. Налејте од смесата во тавчето и убаво разлејте ја.

8. Пржете додека не почнат да се појавуваат меурчиња. Полека со метална кујнска лопатка пробајте дали палачинката се одлепува од тавчето. Ако не се одлепува, оставете да се подиспече уште малку.

9. Палачинката превтете ја од другата страна и оставете да се потпече уште 1-2 минути.

 Палачинки по мој вкус

Ако сте расположени, впуштете се во варијанта. Можеби на прва нема да успеете, затоа што ваквиот вид палачинки се поспецифични, но ако ви успее, верувајте дека ќе добиете многу вкусен појадок, ужинка или вечера.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: