БУРГЕРИ ОД ЛЕЌА


И по месец и половина од одржувањето на Вегефест, впечатоците и мубетите никако да стивнат. Причината е јасна: ние, петмина случајни готвачи аматери, добивме шанса да се претставиме пред јавност со нашата умешност.

Дружината Братско стебло

Потготвителните муабети ни се движеа од: „Да, супер ќе поминеме“, до: „Замислете никој ништо да не сака да проба?“ За среќа, за нашите специјалитети имаше огромен интерес. Доаѓаа од луѓе кои се навистина заинтересирани за веганска храна, до оние кои сакаа само да пробаат и да видат дека веганството не е ништо страшно и блуткаво.

Ана од Сурово и вкусно реши сите рецепти да ги стави на едно место, но морам да признаам дека тешко е да се организираат петмина се да стават на хартија, да сликнат, да го средат секој рецепт за еден од нас да може сето тоа да го скоцка во еден пост. Ана, постојано потсетувајќи не на договорените задачи, тоа го направи совршено (погледнете овде за да се уверите), па за да не ме убие на следната средба, морам под итно да ги средам и рецептите што беа мое задолжение.

Бургери од леќа

Овие бургери од леќа всушност не сакав да ги правам за фестивалот. За време на потготовките само ги нафрлив како предлог и сите ми рекоа дека мора да се направат. Сакав да ги избегнам затоа што немаат некој примамлив изглед, макар што се многу вкусни, а и не бев сигурен дали ќе ми се погодат, зашто до тогаш ги имав испробано само еднаш. На крај, сепак, мнозинството победи и бургерите беа ставени на мени. Сфатив и дека не згрешивме, затоа што имаше голем интерес (покрај слатките работи, кои беа најголем хит на нашиот штанд).

Бургери од леќа

Состојки

2 мали лажици мелено ленено семе

2 големи лажици топла вода

1 главица кромид, средна големина

150 г печурки (шампињони)

3 чешниња лук

2 чаши варена црвена или кафеава леќа (добро исцедена од водата)

1/3 чаша овесни снегулки

2 големи лажици густин (или брашно)

1 голема лажица соја сос

1 голема лажица доматно пире

1/2 мала лажица суво оригано

1/2 мала лажица сув босилек

1/2 мала лажица буковец

1/2 мала лажица сол (по вкус)

1/2 мала лажица сува мајчина душичка

Прстофат црн бибер

Опис

1. Лененото семе измешајте го во топлата вода и оставете го да отстои барем 15 минути. Ситно исечкајте го кромидот, во фудпроцесор иситнете ги и печурките. Лукот истолчете го.

2. Почнете со динстање на кромидот со вода (2-3 минути), па додадете ги иситнетите печурки. Динстајте на тивко со постојано мешање и со додадвање вода по потреба. За најмногу 5 минути, печурките би требало да се омекнати.

3. Кога ќе омекнат кромидот и печурките, префрлете ги во фуд процесор, заедно со леќата. Мелете додека убаво да се искомбинираат состојките. Додадете го искиснатото ленено семе, лукот, густинот, овесните снегулки и зачините и продолжете со мелење, додека целата смеса убаво не се искомбинира. Мешавината на крај треба да биде леплива и не е ништо страшно ако некое зрно леќа остане цело.

4. Целата смеса оставете ја да отсоти 15-ина минути. Во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 220°Ц.

5. Мешавината со леќа оформете ја во неколку бургери и печете ги околу 40 минути во нелепливо тавче или во тавче покриено со нелеплива хартија. Проверувајте ги плескавиците на 10-ина минути, затоа што времето на печење може да варира од рерна до рерна. Внимавајте да не ги препечете, затоа што смесата станува поцврста и посува откако ќе се излади.

Бургери од леќа

Овие бургери можат да се јадат самостојно со салата или да се стават во сендвич со додатоци од зеленчук, некое мачкало или со сенф. Уште еден доказ дека сендвичите и брзата храна не мора да значат нешто штетно.

4 thoughts on “БУРГЕРИ ОД ЛЕЌА

  1. Ги направив бургериве, ми изгледаа нешто слично како ваште, но тоа е зошто ги печев во помал плех. Ги правев со црвена леќа, таа ми е повкусна, ништо не додадов или одземав од рецептот и ми излегоа многу вкусни. Пак ќе ги правам.
    Поздрав 🙂

  2. Burgerite gi napraviv po propis I izgledaat isto kako vashite. Mozebi I preterav malku so sol I bosilek no , sepak ne gi naogam za dovolno privlecni nasproti mnogubrojnite varijacii sto postojat so leka kako glavna sostojka. Za semejstvo so omnivori ovie burgeri I ne se bash impresivna zamena za meso. Ili mozebi kako sto kazav , preterav so zacinite. Sepak humusot ke go probam po vas recept.onoj osnovniot. Fala sepak.pozz

    1. Никогаш не сакам некој продукт да го сметам замена за месо!!! Нити тоа сум го напишал некаде. Месото си е месо, леќата си е леќа. Тоа се два различни продукти и кој сака замена за нешто никогаш нема да го најде, затоа што секој продукт си е уникат сам за себе. Нити блитвата некогаш ќе смени спанаќ, нити сојата, печурките, леќата ќе сменат месо. Месото не ни е потребно, па не ни требаат ни негови замени. Мене ми се допаѓаат овие бургери поради нивниот вкус, а не како замена за месо.
      Точно има еден куп рецепти со леќа, па можеби ќе ви се допадне некој од следните кои планирам да ги објавам.
      Поздрав

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: