ПЛЕСКАВИЦИ ОД ВАРЕНА ХЕЛЈДА


Кој вика дека ако се храните брзо не смеете да конзумирате брза храна. Проблемот е што на поимот брза храна му е прилепена негативна конотација и секогаш кога ќе се спомне, помислуваме на дебели луѓе со нарушено здравје.

???????????????????????????????

Овие плескавици од елда (хејлда) ги откирв при случајно пребарување на интернет. Се потготвуваат релативно брзо, но добро е што можете да ги испечете и да ги чувате во фрижидер неколку денови (околу 3-4 дена) или да ги замрзнете, без да го сменат вкусот. На овој начин ќе имате готов материјал за сендвич кога не сте расположени или немате време за потготвување појадок/ручек.

Плескавици од варена хелјда

 Плескавици од варена хелјда

Состојки:

2 ½ чаша варена елда (хелјда), исцедена од вишокот вода

2 чаши насечкан праз (може млад кромид место праз)

2 рендани моркови, средна големина

1 црвена пиперка, ситно исечкана

4 чешниња лук

½ чаша интегрално брашно

2 полни големи лажици мелено ленено семе

По ½ мала лажица босилек, мајчина душичка, црвен пипер и чили

1 мала лажица сода

Сол и црн пипер (по вкус)

Опис:

1. Сите состојки ставете ги во сад и со рака убаво замесете ја смесата. Ако има потреба, додадете малку вода (зависи од тоа колку била влажна елдата). Треба да се добие нешто како лепливо тесто, кое сепак може да се оформува.

2. Оформете ги плескавиците и наредете ги на хартија за печење.

3. Во загреана рерна на 220°Ц печете 15 минути. Потоа намалете на 200°Ц и печете уште 30-ина минути. Внимавајте да не ги пресушите плескавиците, односно убаво е да се остават малку рофити.

 Плескавици од варена хелјда

Не можам да гарантирам колку долго може да се чуваат овие плескавици, но испробано е дека барем 3 дена во фрижидер не си го менуваат вкусот. Можете да ги комбинирате со сенф, домат и листен зеленчук.

2 thoughts on “ПЛЕСКАВИЦИ ОД ВАРЕНА ХЕЛЈДА

  1. Здраво,
    Го видов рецептот во последниот број на „Теа Модерна“ и морав да го пробам 🙂 Го направив без лук, бидејќи исто така подготвив и хумус па плескавиците ги јадам со хумусот како додаток. Наместо црвена пиперка употребив зелена. Многу сум задоволна од резултатот, плескавиците се превкусни. Ти благодарам за рецептот. Особено ми е мило што дознав за блогот, планирам да испробам уште многу други рецепти.

    Поздрав,
    Катерина од Битола

    1. Катерина многу ме израдува што ти се допаднале плескавиците, уште подобро што си си направила твоја варијанта. Јас секогаш викам, напишаните рецепти се само за почеток, понатаму се зависи од инспирација. Испробај и други рецепти, а наскоро потготвувам нови. Поздрав

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: