БАБА ГАНУШ (ОСНОВНА, НИСКОМАСЛЕНА ВАРИЈАНТА)


Крајот на летото, почетокот на есента веројатно е најубавиот период од годината во однос на свежи плодови. По пазарите понудата е најголема и најшарена, па не е случајно што нашиот народ по традиција зимници потготвува токму во овој дел од годината.

Баба гануш

Модриот патлиџан задолжително употребувајте го во кобинации од типот на пинџури, како додаток на чорби или закиселен, но имајте предвид дека од него се прават и вкусни мачкала, како што е баба гануш.

Баба гануш е традиционално арапско јадење од модар патлиџан со неколку зачини. Во различни земји се прави на различен начин, а и на интернет ќе најдете безброј варијации на оваа тема.

Еве ја и мојата приказна со баба ганушот. Во скопските ресторани ретко можам да најдам некое јадење што е по мој терк, така што на радоста и немаше крај кога во еден од рестораните наидов на мени полно со специјалитети исклучиво од растителни продукти. Покрај другите работи, веднаш се фатив за баба ганушот, надевајќи се дека искомбиниран со фалафел ќе ми биде одличен оброк. Од каде фалафелот беше пржен (јас обично го печам и тоа без масло), уште и баба ганушот беше претоварен со масло. На крај си се сконцентрирав само на табуле салатата, во која, за среќа, имаше најмалку масло, макар што нарачав да не ми ставаат воопшто. Веројатно мислеле дека нема да забележам. Од тој момент сфатив дека оној најосновниот, најобезмастениот баба гануш што си го правам дома, всушност е и најдобрата варијанта. Толку од мојата радост за гоштевање по ресторани.

Баба гануш

Баба гануш (основна, нискомалсена варијанта)

Состојки:

1 модар патлиџан

3-4 чешниња лук

Сок од половина лимон

1-2 големи лажици таан (мене ми е доволна и само една лажица)

½ мала лажица мелен ким

Сол (по вкус)

Опис:

1. Модриот патлиџан печете го 40-ина минути во рерна на 200 степени додека добро не омекне да може да се лупи. Немојте да го препекувате, затоа што лесно може да замириса на изгорено, а ќе се уништат и сите корисни материи.

2. Откако ќе се излади, излупете го и во фуд процесор убаво сомелете го со останатите состојки додека не добиете мазна смеса.

3. Сервирајте го со попрскан ким или со мелен црвен пипер. Пред јадење добро е да отсоти 30-ина минути за да се искомбинираат вкусовите.

Баба ганушот може да се користи како додаток на доста јадења, а пред се може да се употреби како мачкало за суров зеленчук, леб или за крекери.

За полајт варијанта, намалете на количеството таан и миксирајте со неколку лажици соја јогурт, така што ќе добиете покремаста смеса.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: