САЛАТА СО НУДЛИ ОД ТИКВИЧКА И БОСИЛЕК


Ова лето се почувствував како да ми беше забрането да седам дома. Навистина, кога почнуваше летото си посакав многу шетање, но знам дека овие денови кога и календарски привршува, си викам доста беше, можеби малку и претерав… Кого залажувам – од шетање и патување никогаш не е доволно, само ми треба малку одмор.

Салата од нудли од тиквички

Со оглед на тоа што летото го поминав на различни дестинации, тоа значеше и многу прилагодувања во однос на исхраната, барање кујна каде и да отидам, обиди од ресторанската храна да се одбере нешто приближно до она што јас го јадам, убедување на луѓето кај што престојувам да не се припотресуваат со моите оброци, затоа што и онака нема да ги погодат како што ги јадам итн.

Од овие причини, за полесно да ја решам ситуацијата, имаше денови кога си ги поминував само на овошје и салати, можеби со по некое лепче, компир или ориз. Сепак, не се жалам затоа што не знам колку лубеници, смокви, грозје и домати ми поминаа низ рацеве, а потрагата по што почисто одгледана храна ми беше вистинска авантура.

Оваа салата ми стана хит преку летото, а кога првпат им ја понудив и на други луѓе, прво што ме прашаа беше: зарем тиквичката може да се јаде и жива? Се разбира дека може! Навикнати сме најчесто да ја конзумираме пржена и тоа во длабоко масло или потпечена како дел од мусака, а никој не испробал дека тиквичката и жива има одличен вкус, сличен на краставица. Плус, кога ќе и се додадат и некои билки, станува доста освежителна.

Салата од нудли од тиквички

Салата со нудли од тиквичка и босилек

Состојки:

1 тиквичка

1 домат (средна големина)

2 чешниња лук

4-5 маслинки

Сок од половина лимон

Неколку гранчиња босилек

Сол и црн пипер

Опис:

1. Излупете ја тиквичката и нудлите направете ги така што по должината ќе ја сечкате со нож за лупење. Сечкајте додека не дојдете до внатрешниот дел со семето.

2. Доматот исечкајте го на помали коцки и измешајте го со нудлите од тиквичка.

3. Ситно исечкајте го босилекот и заедно со зачините измешајте го салатата.

4. Додадете цели или исечкани маслинки.

5. Добро измешајте ја салатата и оставете ја да отстои во фрижидер барем 1 час.

Летото е создадено за овошни и зеленчукови салати. Уште сега знам дека ќе ми недостасува најмногу поради тој момент… а и поради прошетките…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: