ТУФАХИЈА БОМБИЦИ


Летото асоцира на сокови, на сладолед, на мнооогу овошје, на лубеници, само треба да се направи вистинскиот избор и летото ќе значи уживање, а не покачување на телесната тежина. Летото исто така значи и сушење овошје и зеленук и ферментација. За овој рецепт најбитни ни се правењето сок и сушењето.

Туфахија бомбици

Зошто да се купува „100% природен сок“ од продавница, кога можете дома да си исцедите вистински природен сок. Сега се актуелни зелените јаболка, така што можете да ги исцедите, да ги разредите со 2 чаши вода, да додадете сок од еден лимон и малку мед, и имате прекрасен освежителен сок. Откако ќе го направите сокот, пулпата никако не смеете да ја фрлате. Собирајте ја и исушете ја на сонце (не мора на директно соце, битно да е на отворено). Исушената пулпа потоа можете да си ја употребите, на пример за убави слатки.

Еден од омилените арапски специјалитети е туфахија, така што слични состојки кои би го доловиле вкусот на овој десерт употребив и за бомбици кои ги нареков туфахија бомбици. Според она што го гледав на интернет, кај нас и во соседството за муслиманските празници се прави туфахија, но со јајца и слатка павлака. Колку што сум пробал во еден од скопските ресторани, овие состојки може да се избегнат и кремот за туфахија може да се направи и само од урми и ореви. Сите тие идеи искомбинирани ме наведоа да ги направам овие вкусни бомбици.

Туфахија бомбици

Туфахија бомбици

Состојки:

1 чаша пулпа од јаболка

1 чаша кокосово брашно

1 чаша урми

1/2 чаша ореви

2 големи лажици мед (или уште некоја урма)

Ванила

Цимет

Неколку капки сок од лимон

Прстофат сол

Опис:

1. Исушената пулпа од јаболка убаво иситнете ја во фуд-процесор.

2. Иситнете ги во вид на брашно и кокосот и оревите и се убаво измешајте.

3. Додадете ги урмите, а за позаблажен вкус, додадете и мед.

4. Пред крај додадете ги ванилата, циметот, сокот од лимон и солта.

5. На крај, со оглед на тоа што добиената смеса наликува на поцврсто тесто, за убаво да се измешаат состојките можете да ја измесите со рака.

6. Оформете бомбици и поросете ги со кокос или со цимет.

„Тестото“ не е премногу лепливо (ако не му ставите премногу урми или мед), така што лесно може да размеси и со калапчиња да колачи да се направат интересни форми.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: