ФЕТА СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ


На интернет ќе пронајдете милиони рецепти за сирења од јатки, потешки и полесни варијанти, така што со овој рецепт не нудам ништо ново. Сепак, толку ми се направи кеиф што составив сирење исклучиво по природен пат со состојки што сам ги составив, што не можев да издржам да не го споделам искуството.

Фета сирење со индиски ореви

Ова сирење се прави повеќе од една недела и не очекувам веднаш да се одлучите да го составите. Иако изведбата трае толку долго, всушност нема нешто многу работа, а на крај добивате прекрасен вкус на фета сирење кој не содржи животински компоненти.

Прво, за да го објаснам процесот треба да спомнам дека сирењето не го правев со готов пробиотик во прав, туку составив сам – реџувелак. Реџувелак, како што обајснува Википедија, е безалкохолен ферментиран пијалок од из’ртени житарки, кој може да се пие за подобрување на варењето, но може да се употреби и како пробиотик за составување сирења од јатки, растителни јогурти и мачкала.

Прво, потребно ви е да из’ртите 1 чаша од некоја житарка (јас ‘ртев ‘рж). Откако ќе пушти никулци, ја потопувате во 4 чиста, свежа вода и чекате да отстои 2 дена. На крај водата, која по ферментирањето ќе стане малку заматена, ја прецедувате и ја пиете. Тоа е реџувелак (нешто слично на расолница, само што не содржи сол или некакви други додатоци). Из’ртената житарка немојте да ја фрлате затоа што може да се употреби за уште двапати да си направите реџувелак, а потоа е веќе неупотреблива и можете да им ја дадете на некои птици.

Реџувелак

Кога веќе го имате пробиотикот, еве го и објаснувањето за создавање фета сирење.

 

Фета сирење со индиски ореви

 

Фета сирење од индиски ореви

 

Состојки:

2 чаши индиски ореви (или некои други јатки)

1- 1 ½ чаша реџувелак

Морска сол (по вкус)

Опис:

1. Индиските ореви (или јатките што ги употребувате) закиснете ги во вода преку ноќ.

2. Искиснатите јатки блендирајте ги со 1 или 1 ½ чаша реџувелак, или повеќе, ако имате послаб блендер, додека да добиете крем смеса.

3. Во подлабок сад ставете цедалка, а на цедалка поставете газа или тенка крпа и во неа излејте ја крем смесата. Убаво завиткајте ја како за цедење и врз неа ставете некој потежок предмет за да се цеди водата. Внимавајте, цедалката да не допира до дното на садот за слободно да се издвои вишокот течност.

4. Сето ова оставете 24 часови да се цеди и да ферментира на собна температура (преку лето) или на некое потопло место, на пример, покрај шпорет (ако е зима).

5. Добиеното сирење префрлете го во сад и ставете го во фрижидер за убаво да се излади и да се заврши целосниот процес.

6. Про префрлањето на сирењето во садот можете да му додадете некои зачински билки. Јас додадов чубрика и мајчина душичка. Може да се додаде и малку толчен лук и буковец, за побогат вкус.

Макар што поминува многу време додека да се потготви ова сирење, на крај ќе си бидете благодарни што сте составиле такво нешто, а воедно и ќе се воодушевите што сте направиле нешто сосема сами со свои раце без сомнителни додатоци.

За да ве убедам да се фатите за работа, ќе ви кажам дека луѓе кои секојдневно јадат обично сирење ми рекоа оти можат во многу комбинации да го јадат ова фета сериње како замена за обичното.

8 thoughts on “ФЕТА СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ

  1. Здраво до сите,

    Она што најмногу го бараш ќе ти дојде одеднаш. Барајќи дали воопшто некому му текнало дека heljda на македонски си е елда (јазичар што да се прави, има фабричка грешка :)) наидов на Вашиот сајт.
    Прво , огромно благодарам што се почнале со прекрасна иницијатива.
    Второ, за мене најважно како на мајка на дете со аутизам, е добивање на информации и престанок од нервозите со безглутенското брашно кое е премногу ама премногу скапо.
    Бонус или плус, како да се снајдеш со поефтини состојки а пак да бидеш добра мама.
    Отсега сте ми во фолдерот Омилени.

    Поздрав и секое добро.

    1. Здраво!
      Знам дека на македонски е елда, меѓута секаде каде што ја употребувам пишувам хелјда па во заграда елда, затоа што мислам дека кај нас не е многу познат македонскиот термин и многумина ќе се збунат.
      Безглутенските брашна се област во која и јас се уште испитувам и веднаш штом добијам корисни информации, ќе бидат запишани на блогот. Поздрав и фала за Омилени 🙂

  2. Ако користам бадеми за да го направам сирењето, дали количината на состојките останува иста?

    1. Даниела, не знам дали забележа, во рецептот употребив реџувелак, што е природен пробиотик од растително потекло. Ако не си расположена за правење реџувелак, мислам дека во аптеките има готов пробиотик во прав, па и тој може да ти заврши работа. Поздрав

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: