ЛЕТЕН „ПРЖЕН“ ПИНЏУР


Преку лето на пазар може да се види вистински рај – еден куп свежи овошја и зеленчуци, просто да не знае човек од што да одбере. Згора на тоа, и цените се сосема пристапни, така што ми се случува да поминам денови скоро исклучиво на сурова храна, можеби понекогаш со мали примеси од потсварен ориз, мешунка или некоја јатка. И толку. Домати, кромид, краставица, тиквичка и пиперки се задолжителни кај мене во фрижидер.

„Пржен“ пинџур

Сепак, морам да признаам дека не сум расчистил со традицијата, така што понекогаш имам потреба да си направам и пинџур. Смислив пинџур кој толку ми стана хит сезонава, што решив да го споделам на блогов. Всушност, во прво време размислував да не е малку глупаво на блог да пишувам за пинџур, кога горе-долу сите знаат да направат некоја варијација. Но кога подразмислив, сфатив дека можеби да се пишува за пинџур не е некоја уникатна идеја, ама да се пишива за пинџур без запржен зејтин, е тоа е нешто што ретко кој го прави. Како да се состави пинџур во кој оној нагласок на вкусот што го дава загреаниот зејтин ќе се исфрли, а сепак, јадењето ќе биде вкусно? Одговорот ќе го имате со овој рецепт.

Уште ова, во пинџурот ставив кромид, нешто што кај нас не се прави многу често, но една пријателка ми кажа дека во Хрватска, на пример, ваквите јадења не се прават како кај нас со лук, туку со кромид. Си реков, а јас да ја спојам нашата и нивната традиција. Еве што излезе:

„Пржен“ пинџур

Летен „пржен“ пинџур

Состојки:

2 главици кромид (исечкан на месечинки)

Домати

Пиперки (една може да биде лута)

1 тиквичка

Лук (истолчен)

 Сол

триена сол

1 мала лажица сенф

1 голема лажица ленено семе

Свеж магдонос

Опис:

1. Исечканиот кромид (добро е отстои 5 минути по сечењето, веднаш да не се загрева) се пржи 2-3 минути на загреана вода на средна температура.

2. Се додаваат доматите, пиперките и тиквичката, се додава малку сол и триена сол по желба и се крчка на средна температура 15-ина минути.

3. Пинџурот се трга од оган и по 10 минути додека сеуште е топол се додаваат сенфот, лененото семе и свежиот магдонос.

И толку. Се комбинира со интегрално лепче, проја, печен компир или ориз. Маслото воопшто нема да ви пречи што го нема, така што ќе можете да си го заштедите и да го употребите за мачкање на кожата по сончање J

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: