ПАСТА СО ПЕСТО ОД БЛИТВА


Паста со песто од блитваСе сеќавам, порано, неделниот ручек во моето семејство беше посебен настан. Неделите беа единствениот ден кога имавме заеднички оброци и кога татко ми обично беше расположен да ни пренесе некоја животна лекција, која ние треба да ја научиме и од неа да извлечеме поука. Мајка ми скоро целиот ден го поминуваше во кујна. Прво, знаеше да направи таранарник за појадок и како тоа да не беше доволно обилно и калорично, неделниот ручек задолжително се состоеше од некое големо парче месо со павлака печено во фолија и искомбинирано со компири или ориз или нешто слично.Ваквиот ручек обично се залеваше со Кока-кола, Газоза или некој густ негазиран „100% природен“ сок! Десертот во недела исто така беше задолжителен. Кој ќе успееше да го преживее сето тоа јадење, како награда за вечера добиваше крофни со шеќер во прав или полнети со Еурокрем.

Денес, кога навиките и пристапот кон јадењето сосема ми се сменети, ни поимот недеделен ручек веќе го нема истото значење. Всушност од денешен аспект самата помисла на толку многу храна ме тера да се зачудам како и се уште во многу семејства тоа е вообичаено мени во недела или за празници.

Во денешно време, прво не ни јадам толку многу и тоа не го сметам за непочитување на денот недела. Второ, на овој ден, и за викенд воопшто, во кујна гледам да поминам најмалку време што се може. Темературите оваа година беа високи уште во април, па поголемо задоволство ми претставуваше целодневно пешачење во природа отколку готвење.

Од овие причини, обично за викенд ги правам најбрзите оброци. Таков е и овој кој истовремено ќе ви помогне на едноставен начин да си зготвите едноствен, а доста хранливо богат ручек. Токму вака ќе го зголемите и процентот на внесено „зеленило“ во текот на денот, на здрави масти, влакна, а ќе исконзумирате и други свежи додатоци.

Паста со песто од блитва

Паста со песто од блитва

Состојки за пестото:

1 снопче блитва (околу 250 г)

1 чаша индиски ореви

2 полни големи лажици нутритивен квасец

3 чешниња лук

Сол (по вкус)

Останати состојки:

Интегрални тестенини

Домати

Млад кромид

Опис:

1. Индиските ореви потопете ги 10 минути во топла вода (или 2-3 часови во вода на собна температура)

2. Додека се киснат индиските ореви, сварете ја пастата. Пастата, како потсетување се вари само во вода, без масло. Јас за овој ручек избрав макарони од елда (хељда) и дурум пченица.

3. Во блендер миксирајте ги блитвата и квасецот со ½ чаша вода.

4. Додадете ги индиските ореви и продолжете со блендирање додека не добиете крем смеса.

5. Пред крај на блендирањето додадете лук и сол. Добор би било, ако не чувствувате некоја голема потреба, солта да ја изоставите. Кога ќе биде готово пестото, може да го ставите во фрижидер малку да се излади.

6. Сервирајте, така што пестото ќе го полеете врз пастата, а врз него ќе попрскате домат на коцки и ситно сечкан млад кромид.

Пестото од блитва не мора строго да се врзува за паста. Ако ви остане некој дел или сте направиле премногу, можете да го јадете како мачкало на интегрален леб или како додаток на варени компири. И во двете комбинации, испробано, вкусот е одличен!

2 thoughts on “ПАСТА СО ПЕСТО ОД БЛИТВА

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: