ПОМОШНИ РЕЦЕПТИ ЗА ЗДРАВО ГОТВЕЊЕ


Јатки и семкиВо рецептите честопати употребувам продукти кои или се скапи ако се купат во продавница, ретко се наоѓаат или воопшто ги нема. За таа цел, се обидувам ваквите продукти да си ги направам сам дома. На тој начин заштедувам пари и што е многу битно, точно знам што ставам во нивниот состав – без емулгатори, засилувачи на вкус или некои други хемиски додатоци. Постот редовно ќе го обновувам со по некоја нова „тајна“ за ве убедам да не се откажете на патот кон здравото готвење.

КикириткиПУТЕРИ

Путер од кикиритки/бадеми/лешници

1. Путерот од јатки се прави на тој начин што јатките (кикиритките, баремите или лешниците, зависи од што правите путер), ќе ги ставите во фуд процесор и ќе почнете да ги мелите.

2. Постепено запирајте ја работата на процесорот за со пластична лопатка да ги истругате ѕидовите.

3. Бидете трпеливи и мелете околу 20 минути. Јатките во еден момент ќе се претворат во вид на топка тесто, а потоа ќе почнат да ги испуштаат своите масла и да добиваат крем структура. На тој начин имате путер.

Домашен путер од кикиритки

За јатките полесно да ги испуштат маслата, можете претходно да ги загреете (не да ги печете) 20-ина минути во рерна на 70 степени. Внимавајте, на повисока температура или подолго време во рерна јатките се расипуваат.

Ако имате послаб фуд процесор, за полесно да оди мелењето додадете една-две лажици маслиново масло. Јас овој чекор обично го избегнувам, затоа што не сакам да конзумиран концентрирани масла.

Путер од кокос

Путерот од кокос се прави на ист начин како и путерот од јатки.

1. Во фуд процесор ставете околу 1 килограм суви кокосови снегулки.

2. Блендирајте околу 20-30 минути, редовно подазпирајќи ја работата на процесорот за со пластична лопатка да ги истругате ѕидовите.

3. Откако кокосот ќе добие крем структура, префрлете го во чиста дегла и ставете го фрижидер, каде ќе здобие цврста агрегатна состојба поради пониската температура.

4. Пред употреба, путерот извадете го на дневна температура за да се растопи, или теглата ставете ја во сад со топла вода.

Путер од кокос

БРАШНА

Овесно брашно

Овесното брашно тешко се наоѓа по продавниците за здрава храна, но едноставна е процедурата за негова домашна изработка. Во мелниче за кафе, во блендер или во фуд процесот ставете крупни овесни снегулки и сомелете ги додека не добиете брашно.

Брашно од елда (хељда)/просо

Брашната од елда и од просо се многу скапи во продавниците. Поради тоа најдобро е да си го купите количеството од овие житарки што ви е потребно и да ги сомелете со мелниче за кафе/блендер/фуд процесор. На тој начин ќе добиете безглутенско брашно од елда или просо.

~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~

ПАСТА ОД УРМИ – одлична замена за обичните засладувачи

Во многу рецепти кај што се бара мед или шеќер во последно време почнав да ги заменувам со оваа паста од урми. Блажината воопшто не се менува ни кога количеството ќе го смените во однос 1:1.

Состојки:

500 г урми (по можност без семки)

1 чаша вода

1 мала лажица екстракт од ванила

Прстофат сол

Опис:

1. Урмите ставете ги во стаклена тегла и убаво настискајте го, како да се пресувани.

2. Врз урмите налејте ја водата, затворете ја теглата и оставете да се киснат преку ноќ.

3. Откако урмите убаво ќе искиснат, односно ќе омекнат, додадете ги екстрактот од ванила и солта и заедно со водата мелете ги во фуд-процесор, додека не станат мазни како крем.

4. Пастата од урми префрлете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер.

~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~  ~

ДОМАШЕН ЈАБОЛКОВ СОС

Јаболковиот сос го има во многу слатки рецепти по американските и западно-европските сајтови. Најчесто се употребува како замена за мастите во некој рецепт, односно тестото го прави рофито како во него да е вметнато масло. Јаболковиот сос на Запад се продава по маркетите како готов производ, а со оглед на тоа што кај нас не сум забележал такво нешто, за да не се поштедиме од некои убави рецепти, преостанува да си направиме сами. Јаболковиот сос не мора секогаш да се користи само како дел од некој рецепт, туку може да се употреби и самостојно, како на пример, за мачкање палачинки.

Состојки:

3 кг јаболка, пассечени на осминки

1 чаша јабоков сок или јаболков оцет

Сок од 1 лимон

1/2 чаша кафеав, нерафиниран шеќер

1 мала лажица симет

 По вкус, можете да додадете и морско оревче и малку мед

Опис:

1. Сите состојки искомбинирајте ги во големо тенџере и варете 25 минути на средна температура со постојано мешање.

2. Откако ќе завршите соварењето, односно откако јаболката ќе подомекнат, сомелетеги во фуд-процесор, додека не добиете мазна смеса.

3. Топлиот јаболков сос складирајте го во загреани тегли. Теглите убаво завиткајте ги во ќебе или во некое дебело платно и оставете ги преку ноќ да се изладат сами од себе.

4. Теглите јаболков сос чувајте ги во фрижидер.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: