СЛАДОЛЕДИ СО ПУТЕР ОД КИКИРИТКИ


Сладолед од јагодиПред некое време пронајдов неколку рецепти кои се прават со путер од кикиритки. Ми се причинија вкусни, па се решив да побарам ваков путер по нашите маркети. Ретко купувам путер од кикиритки, а оној што го купувам е од македонско произвотсво, но е направен од печени кикиритки. Поради тоа и избегнувам често да го употребувам. Но при сегашнава потрага никаде не можев да го најдам. Понајдов путери од српско и американско потекло со куп Е-состојки и траги од млеко, шеќер и разни чуда, а за цената воопшто да не зборувам. Тотално изнервиран од ваквата ситуација си реков: ќе се обидам да направам домашен путер од кикиритки. Ако успее – успее, ако не успее, мелените кикиритки ќе ги ставам во салата и ништо зијан нема да отиде.

За путерот решив кикиритките малку да ги загреам (не да ги печам) на 70 степени во рерна околу 15 минути за полесно да ги испуштат маснотиите. При изведбата се раководев според описот на RawFoodMk, односно прво собрав трпение, па после се друго. Ги ставив кикиритките во фуд процесор со Ѕ сечило и почнав да ги мелам на средна брзина. Кога се иситнија им додадов една супена лажица маслиново масло и продолжив со мелење. Тргни, запри, греби од ѕидовите, па пак тргни, запри, одмори и така некои 20 минути додека одеднаш од кикиритките во процесорот не се создаде топка како тесто и постепено не почна да се ослободуваат нивните масти. Вистинско чудо е да следите како од продукти цврсти како кикиритките, одеднаш добивате крем смеса. На мојата радост и немаше крај.

Домашен путер од кикиритки

Решив на ваквиот путер да не му додавам никаков засладувач нити ванила, туку онаков каков што е да го соберам во тегла, да го ставам на ладно и да го употребам во рецепти. Со оглед на тоа што жешкото време тера на освежување, а високите температури ги намалија и цените на бананите, искомбинирав, се послужив со неколку рецепти што ги имав најдено и на крај излегоа овие два вкусни сладоледи.

Сладолед од јагоди со путер од кикиритки

 

Состојки:

2 замрзнати банани

2 големи лажици путер од кикиритки

½ чаша замрзнати јагоди

1 мала лажица ванила

1-2 големи лажици мед (зависки колку сакате да биде благ сладоледот)

Сладолед од јагоди

Чоколаден сладолед со путер од кикиритки

Состојки:

2 замрзнати банани

2 големи лажици путер од кикиритки

2 големи лажици какао

1 мала лажица ванила

1-2 големи лажици мед (зависки колку сакате да биде благ сладоледот)

Чоколаден сладолед

Во фуд процесор со Ѕ сечило ставете ги сите состојки и блендирајте додека не добиете мазна смеса.

И во двата случаи, бананите пред да ги замрзнувате излупете ги и поделете ги на парчиња.

И двата сладоледи кај мене се добро прифатени и од две мали дечиња кои побараа и репете (посебно од сладоледот од јагоди). Браво за татоооо 🙂 🙂 🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: