ПРОЛЕТНО РИЖОТО СО ДИВО НАНЕ


Пролетно рижото со диво нанеВеќе еднаш имам спомнато дека најголем проблем со исхраната ми е кога ќе отидам негде на гости. Сликата е ваква: прво влегување и сите ве нудат со мезиња и алкохолни и безалкохолни пијалоци, а вие само одбивате и го фрустрирате домаќинот како да ви го подоги вкусот. Претпоследниот предлог обично е водичка со лимонче, а кога ќе кажете дека навистина во моментот ништо не ви се пие нити ви се јаде, самоволно ви налеваат минерална вода.

Уште покомплицирано е ако се одлучам некаде да преспијам. Обично од дома си носам со себе нешто за јадење за никого да не го малтретирам, но понекогаш тргнувам со празни раце, како што беше случајот со последните Велигденски празници. Во вакви моменти се случува вистинска драма:

Домаќинот: За тебе што да направиме за ручек?

Јас: Па, ништо посебно, свари едни компири и не се замарај.

Домаќинот: Ех, само компири ли ќе јадеш?

Јас: Да, де, само со салата.

Домаќинот: Имам кременадли, да не сакаш?

Јас: Не, не сакам, доволни ми се компирите.

Домаќинот: Ама, чекај, никаво ли месо не јадеш?

Јас: Па…. не.

Домаќинот: Добро, ај тогаш ќе ти направам пилешко. Сакаш пилешки прсти?

Јас: Не, не, компири…

Домаќинот: Или рипче да испржиме…

Јас: Доволно е компири и салата.

Домаќинот (со став како да му се обраќа на некој припадник на чудна секта): Добро, како сакаш.

Во ваквите ситуации во никој случај не ми паѓа на памет да кажам дека во јадењето обично не ставам масло, а во салатата сакам само малку сол, а може и без сол. За ова секогаш молчам за да не бидам жигосан како непожелен чудак.

Ова рижото ми е резервна варијанта која најчесто ја применувам кога ќе се најдам во вакви ситуации (на гостински терен), а и дома, кога немам многу време за потготовка на ручек. Замолете го домаќинот да ви набави намирниците, влезете си во кујна (ако ви дозволува) и сами завршете си ја работата.

Пролетно рижото со диво нане

Посно рижото со диво нане

Состојки:

1 чаша интегрален ориз

1 чаша грашок (може замрзнат)

1 чаша пченка (може замрзната)

1 блага пиперка

½ лута пиперка

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

Сок од лимон

Диво нане

Мелена сол

Сол и црн пипер

Опис:

1. Сварете го оризот и пред крај додадете му ги грашокот и пченката за да се одмрзнат.

2. Додека се вари оризот, во посебен сад исечкајте ги пиперките, кромитчињата и лукчињата.

3. Откако ќе се свари оризот (заедно со грашокот и пченката), додека е топол додадете го сенканиот зеленчук, мелената сол, солта и црниот пипер и почекајте 10-ина минути да се подизлади.

4. По десетина минути додадете ги сокот од лимон и иситнетото нане, убаво измешајте и, ако не сте премногу гладни, почекајте уште десетина минути за убаво да се искомбинираат вкусовите.

И да се вратам на муабетот со месото. Никому не му наметнувам дали да јаде месо или да не јаде. Јас за сега се чувствувам многу подобро и поубаво откако ги исфрлив сите животински продукти од исхраната. Не знам, можеби некогаш пак ќе им се навратам, ама за сега мојот став е дека не треба да се јаде ништо што гледа, се движи и има мајка и татко.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: