МАЧКАЛО ОД ТОФУ И МАГДОНОС


Мачкало со тофу и магдоносТемпературите високи, времето прекрасно како создадено да се излезе од дома рано наутро и цел ден да се посвети на прошетки. Кој во ваква атмосфера да мисли на седење во кујна и потготвување оброци? Обично во ваква ситуација мора да се најде итно решение кое дома ќе ве задржи само некоја минута за потоа целосно да му се предадете на пролетното (летното) сонце.

Ова мачкало, за кое како инспирација ми послужи една слична комбинација што ја најдов на некој македонски блог (мислам дека беше македонски), кај мене се покажува како одлична резервна варијанта за ручек или за вечера.

Обично кога ќе излезам на подолга прошетка, седнувањето во ресторан ми е главен проблем. На менијата 90 проценти од хранта е поврзана со месо или сирење/кашкавал, салатите се еднолични, а за да се најадете, ако се обидете на порачате барем варен компир или ориз покрај салатата, ќе ви ги донесат со цело шише истурено масло. Не помага ни ако речете дека сакате јадењето да ви биде без масло. Во тој случај ќе ви донесат компири со половина шише масло.

Сфаќате зошто обично прошетките не сакам да си ги прекинувам со седнување во ресторан за да ручам, туку најдобро ми е да си носам нешто што сам сум си го потготвил и точно знам што сум ставил внатре. Ова мачкало е идеално за брзи сендвичи кои ќе се искомбинираат со млад кромид, домат, краставица, пиперка или со зелена салата.

Мачкало со тофу и магдонос

Мачкало од тофу и магдонос

Состојки:

150 грамови тофу (по можност од органска соја)

1 китка магдонос

2 големи лажици сок од лимон

8 маслинки (исчистени од семките)

Ореви (една рака)

3-4 чешниња лук

Опис:

1. Најдобро е прво убаво да го изблендирате тофуто, да добие кремаста структура.

2. Додадете го магдоносот и сокот од лимон и продолжете со блендирање додека не добиете хомогена смеса.

3. Додадете ги маслинките, оревите и лукот и блендирајте додека сѐ убаво не се изедначи.

Ова мачкало го правам без сол, затоа што доволно солен вкус му даваат маслинките, а сметам дека не треба да се додава ни масло, затоа што е доволно мрсно од тофуто, маслинките и оревите. Ако сметате дека и оваа варијанта ви е премногу мрсна, тогаш мачкалото можe да функционира и без тофу и повторно да биде вкусно.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: