7 ДЕНА НА СУРОВА ИСХАНА


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина.

Пред неколку месеци се запрашав како е една недела да се помине исклучиво на сурова храна. Бидејќи сум склон на екперименти со јадењето, решив да стиснам заби и да се обидам цела една седмица шпорет да не вклучувам, а главен иструмент за правење оброци да ми биде фуд процесорот. За да не остане незабележан ваквиот мој експеримент, и предложив на Ана на нејзиниот блог „Сурово и вкусно“ да објавувам нешто како дневник како го поднесувам целото тоа патешествие. Ана прифати и целиот потфат е документиран овде, но никогаш не најдов време рецептите што ги применував да ги средам и да ги објавам на едно место и како еден пост. Затоа, еве токму сега, средени сите заедно, ги имате сите рецепти од 7-дневниот подвиг, во случај да сакате да го повторите мојот обид.

Печурки полнети со песто од спанаќ, магдонос и домат

1/3 чаша ореви

3 чешниња лук, истолчен

1/3 чаша иситнет магдонос

1 чаша спанаќ

1 голема лажица сок од лимон

2 големи лажици соја сос

1 домат, средна големина

свежи шампињони

Сè се блендира, освен шампињоните. На шампињоните им се вадат рачките (кои може да се искористат како додаток во салата) и се полнат со пестото.

Печурки полнети со песто од спанаќ

Свежа руска салата

Моркови, карфиол, краставички, црвени и зелени пиперки, преку ноќ маринирани со оцет, вода, сол и кафеав нерафиниран шеќер.

Хумус од грашок и сушени домати

4 чаши грашок (замрзнат, па одмрзнат или избланширан 2-3 минути во малку вода)

½ чаша сушени домати

½ чаша сок од лимон

3 чешниња лук

2 големи лажици таан

2 сушени чили пиперчиња

сол (по вкус)

Сè се блендира и постепено се додава најмногу половина чаша вода за да му се олесни работата на блендерот.

Хумус од грашок

Едноставно маринирани брокули

4 чаши исечкани брокули

1 мала лажица суво оригано

1 црвена пиперка (средна големина)

1/3 чаша свеж босилек (или 1 мала лажица сушен)

3-4 чешниња лук (истолчен)

сок од половина лимон

маслиново масло

Сè се меша и се остава да отстои преку ноќ за да брокулите да ги впијат зачините.

Едноставно маринирани брокули

Хумус oд сончоглед и тиквичка

1 чаша сончоглед (откиснат во вода барем 1 час)

1 помала тиквичка

2 чешниња лук

1-2 лажици таан

¼ чаша сок од лимон

вода (по потреба)

маслиново масло (по вкус)

1 ½ лажичка сол

Сите состојки се блендираат додека да се добие крем смеса.

Постепено додавајте вода ако сакате помала густина.

Хумус од сончоглед и тиквичка

Помфрит од келераба

Кeлераба исечкана во вид на помфрит

1 лажичка кари

маслиново масло

сол

Помфритот се попрскува со маслиново масло, кари и сол.

Се меша додека помфритот убаво да ги поприми состојките.

Помфит од келераба

Чили со печурки

Неколку шампињони

½ главица сечкан целер

½ главица сечкан кромид

1 исечкана црвена пиперка

1 чаша бадеми (киснети 5-6 часа)

1 чаша исечкани моркови

1 ½ чаша откиснати сушени домати

1 чаша вода

1 лажица маслиново масло

¼ чаша соја сос

2 чешниња лук

1 лажиче суво оригано

2 лажичиња чили во прав

1 лажиче ким

1 лажица јаболков оцет

1 лажица мед

½ лажиче буковец

1. Исечканите печурки, целер, кромид и црвена пиперка се мешаат во поголем сад.

2. Бадемите и морковите се мелат во мултипрактик со Ѕ сечило и се додаваат во садот.

3. Останатите состојки се блендираат додека да се добие сос.

4. Сосот се меша со претходно спремените состојки додека убаво да се искомбинираат.

Сурово чили од печурки

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: