РУСКА САЛАТА СО ТОФУ МАЈОНЕЗ


Руска салата со тофу мајонезКонечно, еве го првиот пост за 2013-та година. Првиот рецепт во Новата Година, нормално, треба да биде легендарната Руска салата. Празничната софра не само кај нас е најстрашната закана за нашиот изглед и за зравјето. Сарми, зелници, свинско месо и слатки со маргарини и јајца на сите страни. Сето тоа е „зачинето“ со холестеролската новогодишна традиција наречена Руска салата. Не е чудно што едно испитување вели дека околу новогодишните празници во просек додаваме по 2-3 килограми. И тоа не е страшна бројка. Пострашно е што во текот на годината место да ги отстраниме, ние трупаме уште некој килограм и сѐ така до следната Нова Година. Заклучок: секоја година сме сѐ подебели, а дел од нашите непријатели е и гореспоменатата, Руска.

Како дојдов до поздрава варијанта на Руската салата? Во едно од изданијата на емисијата за здрав начин на живот, 8-ка, се правеше токму ваква салата со мајонез од компири. Ја испробав со мајонезот од компири, но некако не ми го долови оригиналниот вкус. Затоа решив да ја направам салатата со истиот состав што беше претставен, но со мајонез што го составив од два различни рецепти, овој и овој. Оние на кои тофуто им боде очи, ќе им препорачам да купуваат единствено тофу со сертификат органско, затоа што, рака на срце, сојата навистина може да биде опасна замка, поради тоа што е најчесто генетски модифициран продукт.

Руска салата со тофу мајонез

Руска салата со тофу мајонез

Состојки за салатата:

Компири

Бланширан грашок (или замрзнат грашок или грашок од конзерва)

Кисели краставички

Моркови

Замрзната пченка

Состојки за тофу мајонезот:

300 г тофу

½ чаша индиски ореви

2 големи лажици јаболков оцет

2 големи лажици сок од лимон

2 големи лажици сенф

¼ мала лажица куркума

1 мала лажица кафеав шеќер

3 големи лажици маслиново масло

Сол и пипер (по вкус)

Вода (по потреба)

Опис:

1. Компирите исечете ги на коцки и 10 минути варете ги на пареа.

2. Морковите исечете ги на коцки и 5 минути варете ги на пареа.

3. Замрзнатата пченка и грашокот (ако употребувате замрзнат) нема потреба претходно да се одмрзнуваат или дополнително термички да се обработуваат. Кога ќе се измешаат со топлите компири и моркови, постепено ќе се одмрзнат.

4. На мешавината додадете и ги исечканите кисели краставички.

5.За мајонезот, прво изблендирајте ги индиските ореви и тофуто, па постепено додавајте ги оцетот и лимоновиот сок. Ако се плашите да не ви излезе премногу кисело, исфрлете го лимоновиот сок.

6. Додадете ги останатите состојки, а маслиновото масло налевајте го постепено додека блендирате. Вода додавајте онолку колку што сакате да биде густ или течен мајонезот.

7. Измешајте ги мајонезот и салатата.

Ете ви Руска салата која нема да ви наштети на здравјето, нема лоши комбинации (од типот на јајце со компир и грашок), а нема ни холестеролски салами, ниту сомнителни фабрички мајонези. Замислете, јадете и притоа воопшто немате грижа на совест!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: