ПОСНИ КРЦКАВИ КОЛАЧИЊА


Доооолго време се обидував да најдам рецепт, финта или што било за да добијам крцкави колачиња. Крцкавиот момент во колачите го прават маслото, путерот и сл., кои јас ги одбегнувам, посебно во загреана варијанта.

Посни крцкави колачиња

Најблиску до решението бев кога најдов рецепти за дехидрирани крекери, но дехидрирањето со отворена рерна по цели 6, 10 или 12 часови е нешто што не можам да си го дозволам и поради сметката за струја и поради нервите. Толку долго чекање не е за мене.

Конечно пред некое време наидов на рецепт од кој на крај успеав да добијам крцкави колачиња. Нешто сепак и овде жртвував – мелено ленено семе кое го ставив во тестото, што е некоја компензација за загреаното масло или путер. Крцкавоста и цврстината се добива со количеството пченкарно брашно, кое го зголемив споредено со оригиналниот рецепт што го најдов, а двете предвидени јајца ги заменив со една банана, што придонесе за тестото да се поврзе и да може да се меси. За тестото од пченка на крај да не излезе качамак, морав да му додадам уште нешто за поврзување – малку интегрално ’ржано брашно.

Придонес за мојот Франкештајн да излезе крцкав придонесоа уште две работи – дебелината на колачињата и начинот на печење. На крај, за уште повеќе да си ја искомплицирам работата, ми дојде во главата колачињата да имаат различен мирис, па се решив тестото да го поделам на три дела и секој дел да го замесам со различен начин. Уф, кога ќе се запнам со нешто, мора да го дотерам до крај.

Посни крцкави колачиња
Посни крцкави колачиња

Посни крцкави колачиња

Состојки:

3 чаши пченкарно брашно

1 чаша интегрално брашно

½ чаша кокосово брашно

2 чаши тиква исечкана на коцки

1 презреана банана

½ чиниче кафеав, нерафиниран шеќер

3 мали лажици сода

3 големи лажици мелено ленено семе

8 големи лажици млака вода

По ½ мала лажица цимет, ѓумбир и анис (или други миризливи зачини по избор)

Опис:

1. Измешајте ги пченкарното, интегралното и кокосовото брашно, а во нив додадете ја содата.

2. Во чиниче измешајте го лененото семе со млаката вода и оставете да отстои 15-ина минути.

3. Убаво изблендирајте ги тиквата, бананата и шеќерот додека не добиете нешто слично на пире.

4. Во смесата со тиквата одадете го искиснатото ленено семе и продолжете со блендирање.

5. Во мешавината од брашна додадете ја влажната смеса со тиквата.

6. Убаво замесете го тестото. Не додавајте вода, туку тестото подолго време месете го за тиквата да ја испушти потребната влажност. Треба да добиете посуво, поцврсто отколку обичното тесто.

7. Ако сакате колачите да ви мирисаат на различни зачини, тестото поделете го, на пример, на три делови. Едниот дел замесете го со половина лажиче цимет, вториот со ѓумбир и третиот со анис.

8. Тестото рассукајте го, така што да не биде подебело од 2-3 милиметри.

9. Со калапчиња за колачи оформете ги колачињата и распоредете ги на тафче покриено со хартија за печење.

10. Рерната загрејте ја на 170°Ц. Печете 20 минути со затворена врата и потоа печете уште 20-ина минути со подотворена врата за колачите да се подисушат.

Колачите се покрцкави откако ќе се подизладат, затоа што пченкарното тесто станува поцврсто кога откако ќе се излади.

Можете да ги декорирате, но јас тоа не го сторив затоа што сакав да го чувствувам мирисот исклучиво на зачините што ги ставив во колачите. Уживанција за овој празничен период!

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: