БРЗА САЛАТА ОД БЕЛ ГРАВ


DSC02832Да се разбереме, гравче можам да јадам секој ден и во секоја комбинација – салата, чорба, паштета… Ова ми е најомилената салата со грав која ја правам кога сакам брзински и вкусен оборок. Сепак, најинтересно е како дојдов до рецептот, затоа што пред оваа, никогаш претходно не сум го употребувал грав во салата. Всушност овој рецепт е инспириран од сличен претставен во „Храна и вино“!!!!!

Кога почнав со поразлична исхрана од конвенционалната најсилни реакции имаше од моите родители. Работата дојде до таму што ме тераа да си ја проверувам крвта, мислејќи ако не јадам „нормално“ (пржено, мрсно, месо, млеко и сл.) всушност ќе се разболам. Ги сфаќам. Родителите секогаш го мислат најдоброто. И јас самиот кога почнував, си се прашував дали сум на вистинскиот пат. Приказната заврши кога со извештајот од лабораторија им покажав дека имам одлична крвна слика.

Откако ги испеглавме работите и моите се помирија со тоа дека не отстапувам од оваа необична (за нив) исхрана, се случи и чудо – почнаа да соработуваат. Мајка ми, како голем обожавател на холестеролската емисија „Храна и вино“ еднаш ми се јавува и ми кажува дека нашла рецепт за мене!!! Ми го кажа рецептот и ми нагласи дека во салатата се ставаат и јајца и пармезан, но јас ако сакам можам да ги изоставам. Ја сфатила целата поента, конечно.

Од оригиналниот рецепт подоцна скусив уште некои работи. Таму беа предвидени 100 г маслинки, но јас ги сведов на 8 до 9, затоа што сепак маслинките се мрсни, а при маринирањето употребено е многу сол. Поради маслинките (и лажицата сенф) маслото сосема го исфрлив. Останатите состојќи обично ги додавам приближно, како што се и мерките запишани овде. Ретко мерам, така што и вие слободно додавајте и одземајте според вашиот вкус, затоа што колку и да ја менувате количината на состојките (освен на мрсните) оваа салата е фантастична.

Брза салата од бел грав

Брза салата од бел грав

Состојки:

2 чиничиња варен бел грав (или грав од конзерва, но без конзерванси, адитиви и додадена сол)

2-3 главици лук (истолчени)

8-9 маслинки (исечкани)

5 свежи шампињони (исечкани)

1 голема лажица сенф

½ главица кромид или неколку млади кромидчиња (исечкани)

3 големи лажици јаболков оцет

Сол

Црн бибер

Опис:

1. Гравот (ако ви е сварен од претходно или користите грав од конзерва) малку потстоплете го, затоа што со стоплен грав вкусовите поубаво се комбинираат.

2. Измешајте ги гравот, истолчениот лук, исечканиот кромид, малсиниките и шампињоните.

3. Направете дресинг од сенфот, оцетот, солта и биберот и измешајте го со салатата.

Оваа брза салата од грав најдобро се комбинира со зелена салата и е сосема доволна за еден оброк. Убаво оди и полнење за сарма од свежа марула или обарен кељ. Правете комбинации, додавајте зеленчук, правете своја креација, овој рецепт нека ви биде само основа.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: