ПРОЈА ЗА ПРЕЗАФАТЕНИ ЛУЃЕ


Кога имате многу обврски, посебно ако имате неормално работно време, најтешко е да се следи некој режим на исхрана. Дополнително на ова, кога некој е прегладнет, од каде па да мисли што е здраво, а што не е здраво. Во таква ситуација обично се става во уста тоа што е прво достапно – преработена храна од продавница. Затоа најчесто гледам да најдам рецепти што ќе се вклопат во денешниот начин на живот, а притоа да не отстапуваат од моите принципи на исхрана. За да се направи интегрален или макробиотски леб потребно е многу време, затоа пронајдов одлична проја која се прави брзински, а потоа пресечена на парчиња може да се замрзне. Испробав и тоа дека ваката проја се уште е вкусна и кога ќе се одмрзне, така што може да се искомбинира со некое брзинско мачкало. Има и побрза варијанта – парче проја со домат, краставица, кромид и маслика. Ете ви фаст фуд без лоши последици за здравјето!

Проја за презафатени луѓе

Проја за презафатени луѓе

Состојки:

1 чаша интегрално брашно

1 чаша пченкарно брашно

1/4 чаша кафеав шеќер

1 голема лажица прашок за печиво

1 мала лажица сол

1 чаша незаблажено соино млеко

1 голема лажица ленено семе

1/4 чаша тофу

Опис:

1. Рерната загрејте ја на 200°Ц

2. Лененото семе имешајте го со 2 лажици топла вода и оставете го да отстои 15-ина минути.

3. Измешајте ги брашната, шеќерот, солта и прашокот за печиво.

4. Соиното млеко и тофуто добро изблендирајте ги додека не добиете кремаста смеса, а потоа измешајте го и лененото семе.

5. Смесата со тофуто истурете ја во смесата со брашната и убаво измешајте ги.

6. Тестото распоредете го во калап за леб или во тавче за печење (претходно подмачкано со малку масло или обложено со хратија за печење)

7. Пројата би требало да биде готова за 25-30 минути, но ако печете во калап, проверете дали добро е потпечено и дното. Ако не е, свртете ја и печете уште некои 5-10 минути.

Како податок најдов дека житарките, на чело со пченката го скиселуваат организмот, што не значи дека не треба да ги јадеме. Предлагам секогаш кога јадете житни производи, како во овој случај задолжително да ги искомбинирате со свежа салата, односно свеж зеленчук. Побрз ручек од ова, здравје!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s