ЧОКОЛАДЕН ПУДИНГ


„Денес за ужина имаме пудинг“, така на моето семејство му го претставив мојот најнов рецепт и целосно го зачудив. Не сакам да применувам забрани за тоа што смее да се јаде, а што не смее, затоа што забранетото потоа е многу попосакувано, но пудингот ми е на црната листа. Кога ќе слушнам дека некој сака на дете да му даде да јаде пудинг (зборувам за оној купечкиот), мене ми доаѓа како да сака во организмот да му вметне стопена пластика. Горе-долу разлика нема! Оттука сфаќате зошто изразот на зачуденост стоеше некоја минута на лицата на моите домашни.

Како ми дојде идејата за ваквиот пудинг? Во еден маркет при пазарење наидов на ефтини банани и купив 2 килограми. Сместени во една ќеса, си натежнале една на друга, така што последните 3-4 банани беа згмечени и не можеа долго да стојат во фрижидер. Покрај ова дома имав заостанати суви смокви и суво грозје, а претходно имав купени и ново какао, што до тогаш не ми беше испробано. Згмечените банани и вкусот на новото какао всушност беа главната инспирација.

На крај се доби оличен пудинг кој посебно им се допадна на моите синови. А децата не лажат кога нешто им се допаѓа, нели?

 
 

Чоколаден пудинг од банана и суво овошје

Состојки:

3 омекнати банани

½ чаша суви смокви

½ чаша суво грозје

1 чаша лешници (или бадеми) мелени во вид на брашно

3 големи лажици какао

3 големи лажици мед

2 големи лажици маслиново масло

½ мала лажица ѓумбир во прав

малку сол

кокосово брашно за декорација

Опис:

1. Сувото овошје оставете го да се искисне во вода околу 2 часа.

2. Испасирајте го искиснатото суво овошје и направете смеса како тесто додавајќи му ги мелените лешници (бадеми).

3. Во блендер испасирајте ги бананите, па додадете им ги медот, маслото, ѓумбирот, солта и какаото и повторно блендирајте.

4. Во смесата со бананите додадете го „тестото“ од суво овошје и мелени лешници (бадеми). Изблендирајте додека не добиете хомогена смеса.

5. Декорирајте со кокосово брашно.

Овој чоколаден пудинг можете да го поделите на четворица или петмина. Така секој ќе добие доволно за да си ја задоволи потребата за блага ужина (или десерт), а притоа да не премине кон прејадување.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: