САЛАТА ОД БРОКУЛА НА ПАРЕА


Познавам куп луѓе околу мене што никогаш не би пробале сурова, свежа брокула. Каква штета! Брокулата е суперхрана поради своите нутритивни способности. „Полна“ е со витамин Ц, К и фолна киселина. Игра главна улога во алкализација на организмот. Во превод, со брокулата ни е штитник против болестите, посебно зимските.

 Сѐ убаво, ама ајде тоа објаснете им го на луѓе што не сакаат да погледнат зеленчук, а посебно на децата. Поттикнат од ваквата ситуација за првпат пред една година решив да барам начин овој супермен меѓу зеленчукот да го понудам на попристапен начин, односно а пробам боркулата да ја сварам на пареа, како што е опишано во книгата „Најздравите продукти на светот“ од Џорџ Мателјан.

Откако ја „испарив“ само 4 минути, сфатив дека нема поубав начин а им се протне и на оние што не сакаат ни да им се спомне. Вака потготвената брокула до сега, од мое искуство, им се допаѓа и на оние кои не сакаат да ја конзумираат ни варена. Оваа втора група брокуломразачи мислам дека не ја сака затоа што со долгото варење во вода ова растение се полни со вода и се раскашавува. На овој начин не само што му се уништуваат сите хранливи материи, за што доказ е изгубената темно зелена боја, туку и повеќе почнува да наликува на каша отколку на привлечна салата. Многу кратко готвена на пареа боркулата во голем процент си ги задржува карактеристиките и се уште е крцкава. Бонус на сето ова е што водата во која се парела, а во која влегле дел од хранливите состојки на брокулата, може да се искористи како бујон за супа или некој друг ви вариво.

 
 

Салата од брокула на пареа

 

Состојки:

3 полни чиничиња рассечена брокула (заедно со рачките и листовите)

3 чешниња лук

½ лажиче морска сол (или по вкус)

½ лажиче црн бибер (или по вкус)

2 големи лажици сок од лимон

1 голема лажица маслиново масло

 

Опис:

1. Чешнињата лук ситно исечкајте ги, истолчете ги и оставете ги да отстојат барем 5 минути.

2. Во меѓувреме, ставете вода во тенџере и почекајте да зоврие.

3. Разделете ги цветовите на брокулата и исечкајте ги рачките и листовите.

4. Брокулата ставете ја во метална цедалка и ставете ја 4 минути да се вари во пареата над водата што врие. За хранливите материи да не „избегаат“ со пареата, туку да паднат во водата во тенџерето, затворете ја оваа импровизирана парилица со соодветниот капак на тенџерето. Уште полесно ќе биде ако процесот го изведете во вистинска парилица, само внимавајте деловите да не се пластични.

5. Сварената брокула префлете ја во сад и уште додека е топла измешајте ја со зачините.

 

Вака зготвената брокула може да се сервира со салата од свежи домати и кромид, со табули салата, со аронија (како што направив јас) или да се јаде едноставно како самостојна салата во вида на предјаење или ужина.

Салатата од парена брокула совршено се вклопува и како додаток на главен оброк. Посебно добро оди со јадење со ориз, а додека е топла може да се измеша и со тестенини. Оние што не се хранат строго вегански (или вегетаријански) може да си додадат и козјо сирење или салатата да ја сикобинираат со риба или пилешко месо.

 

One thought on “САЛАТА ОД БРОКУЛА НА ПАРЕА

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: